
Регионалниот центар за застапување од Делчево периодов го спроведува проектот „Промовирање на стандарди за безбедност и здравје при работа и следење на спроведувањето на БЗР во источниот регион на Република Македонија“. Проектот ќе трае шест месеци и ќе се реализира преку повеќе активности во општините Делчево, Берово, Пехчево, Македонска Каменица и Виница со цел да се обрне повеќе внимание на оваа област преку утврдување на моменталната состојба во примената на законите и преку давање насоки за поголемо спроведување на веќе поставените стандарди. Овој проект РЦЗ го реализира во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, а е финансиран од Европската Унија.
Гостувањето на ТВ Стар може да го погледнете на следниот линк