Во Пехчево се одржа првата работилница за ажурирање на Локалната Стратегија за развој на ЛАГ Малеш – Пијанец

Во рамки на проектот “Подобрување на перцепцијата за ЕУ кај руралните граѓани“, неделава започнаа активностите за ажурирање на Локалните стратегии за развој, кои се подготвени од ЛАГовите во 2015/2016 година.  Првата работилница  за ажурирање на стратегијата на ЛАГ Малеш –Пијанец се одржа изминатиот вторник во Хотелот Гогов во Пехчево на која присуствуваа претставници од Општините, НВО и Бизнис секторот од Делчево, Берово и Пехчево.  На оваа работилница приустните има можност да се запознаат со EU LEADER пристапот, постоечката стратегија на ЛАГот, како и  пристапот и методологијата кои ќе се користат за ажурирање на ЛАГ стратегијата. Потоа присутните поделени во работни групи според секторски области работеа на SWOT анализа и одредување  приоритети  за секоја област, по што истите ги презентираа и дискутираа пред сите.  Останатите сесии од ревизијата на стратегијата кои вклучуваат приоретизација на акции и проекти, временска рамка за имплементација, финансиски и мониторинг план,  ќе се одржат на уште две работилници во Делчево и Берово во текот на наредниот период.

Според организаторите, стратегијата треба да биде завршена до месец април и за разлика од претходната треба да содржи конкретни акции кои се реални и лесно остварливи согласно средствата и условите кои ги има ЛАГот. Исти вакви активности ќе има и за ЛАГовите од југоисточниот регион на државата.

Проектот го спроведува  Мрежата за рурален развој на СМ  поддржан од УСАИД – Американска агенција за меѓународен развој. Со афирмацијата на EU LEADER пристапот во руралните средини, МРР тежнее кон развој на капацитетите на сите засегнати страни во руралните средини, со што ќе се подобри нивното знаење и способности за партиципативно планирање во процесите на носење одлуки од важност за заедницата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)