Во с.Тработивиште, општина Делчево се реализира проектот „Преку енергетска ефикасност до ефикасна локална заедница“

Превземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасовикако главна цел е спроведувањето на проектот под мотото „Преку енергетска ефикасност до ефикасна локална заедница“.

 Како проектни активности се предвидуваат:

–          Подготовка, публикување и дистрибуција на печатен и електронски едукативен материјал на македонски и англиски јазик (1000 прирачници за локалната заедница и пошироко, 1000 налепници)

–          Двеобуказа волонтери за примена на техниките на енергетска ефикасност

–          Поставување на 1200 метри канали од бетон ф500мм за канализирање на водата од р.Желевица до динамото за производство на електрична енергија

–          Поставување на 40 енергетско-ефикасни канделабри за улично осветлување.

–          Медиумска промоција на активностите на проектот преку средствата за јавно информирање

Проектната активност започнаа од февруари 2012и ќе трае до крајот на јануари 2013 година.

Координатор на активностите и имплементатор на проектот е Регионалниот центар за застапување од Делчево, а партнер е општина Делчево. Целокупните проектни активности се финансирани од ГЕФ ПМГ и општина Делчево.

Вредноста на проектот изнесува 57932американски долари.

Дополнителни информации за проектот можат да се добијат кај координаторот на проектот Тони Стоименовски на телефон 078/201794 или на e-mail: rczdelcevo@gmail.com, и на www.rcz.delcevo.org.mk

Повеќе информации за ГЕФ ПМГ може да се најдат наwww.gefsgpmacedonia.org.mkи наhttp://sgp.undp.org 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)