Втора работилница во рамки на проектот „Едукативен центар за БЗР во Источен плански регион“

Во рамки на проектот  „Едукативен центар за безбедности здравје при работа во Источен плански регион“ денес во просториите на Регионалниот центар за застапување во  Делчево се одржа втората работилница наменета за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во делот на управувањето со човечки ресурси.  На работилницата присутните имаа можност да дискутираат за моменталните состојби во секторот кога станува збор за регрутирање и управување со кадар, колку се посветува внимание на оваа област и кои документи треба да ги поседува невладиниот сектор за да биде успешен во управување со човечките ресурси. 

Работилницата започна со претставување на основните принципи на оваа областа, а продолжи со пополнување прашалници за ставовите кои ги имаат вработените односно ангажираните во организацијата и оценка за менаџмент на стратегијата за мотивација. Потоа беше разгледан правилник кој како правна форма тррба да го поседува секоја организација, драфт верзијата со надополнувањата ќе биде поставена на веб страната и сите заинтересирани ќе можат да ги дадат своите коментари до нејзино финализирање.  Неколкучасовната работилница се одвиваше кобинирано со дискусија на која присутните споделија свои позитивни, но и негативни искуства како и предлози затоа како да се постават формални процедури за управување со HR , но и како сето тоа да се реализира успешно во пракса.  Генералниот заклучок е дека треба да се сфати значењето и суштината кои ги има оваа област за успешно функционирање на секоја организација и институција.

Проектот кој ќе се реализира во период од 8 месеци ќе биде поделен во три фази. Првата фаза е комплетно наменета за работилници за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во делот на организациска самопроценка,  управување со човечки ресурси и финансиско работење додека втората фаза е наменета за активности поврзани со формирање на мрежа на граѓански организации кои дел од својата работа ќе ја насочат кон промовирања и залагања во областа безбедност и здравје при работа што ќе биде регулирано со меморандум за воспоставување мрежа и акциски план врз основа на кој ќе се одвива работењето на мрежата. Третата фаза од проектот ќе се одвива паралелно  со првите две и ќе се однесува на формирање центар за БЗР за источен плански регион кој на едно место ќе ги координира сите заинтересирани страни кои директно или индиректно се вклучени во активности за безбедност и здравје при работа .  Како целни групи ќе бидат опфатени граѓанските организации, бизнис секторот, стручната јавност и медиумите од источно планскиот регион.  Проектот е финансиран од Европската Унија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива