Завршен настан во рамки на проектот „Бизнис развој на млади преку социјално претприемништво“

Со Саемот за социјално претприемништво РЦЗ на 26 Октомври го заокружи успешно спроведениот едногодишен проект „Бизнис развој на млади преку социјално претприемништво“ финансиран од Амбасадата на САД во Скопје. По тој повод на наша чест и задоволство гости на настанот беа Н.Е. Амбасадорката на САД во Скопје, Г-ѓа Кејт Мари Брнс и тим од Амбасадата, претставници на Амбасадата на САД во Софија, претставник на УНДП во земјава, Градоначалникот на Општина Делчево и претставници на бизнис заедницата, невладиниот сектор и медиумите. Како финален производ од проектот беа презентирани пет младински бизнис идеи од регионот во чиј фокус е социјалниот општествен импакт.

Идеите се од областа на животната средина и зајакнување на вештините кај младите луѓе. Деталниот развој и значењето на бизнис плановите веќе резултираше со заинтересираност на странски донатор кој од почетокот на 2022 ќе финансира една од денес презентираните идеи. РЦЗ во наредниот период ќе го поттикне развојот и на останатите. Воедно ова нека биде мотивација за сите млади кои ќе сакаат да се вклучат во работата на Младинскиот Хаб – отворен во рамки на истиот проект, кој беше посетен и од страна на Амбасадорката која даде целосна поддршка во неговата понатамошна работа.

Воедно, ова денес беше одличен настан со кој РЦЗ истовремено прослави 15 години постоење. Им благодариме на сите наши соработници кои изминатата деценија ипол беа заедно со нас. Продолжуваме за развој и во годините кои доаѓаат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)