
Регионалниот центар за застапување ја одржа завршната работилница за изработката на Стратегија за соработка помеѓу општина Делчево и граѓанскиот сектор. На работилницата присуствуваа претставници на десетина активни невладини организации и општина Делчево кои низ овие 8 месеци беа вклучени во процесот на изработка на стратешкиот документ. На завршниот настан се промовираше стратешкиот документ преку кој ГО активно ќе се вклучат во процесите на дефинирање на развојните политика на Општина Делчево. Тоа се однесува на спроведување на конкретни активности и иницијативи, преку создавање предуслови за формирање на ефикасни партнерства за нивно реализирање.

По дизајнирањето кое ќе се случи во текот на престојните денови, документот ќе биде објавен во јавните гласила. Понатаму ќе биде достапен и на увид на секого, а во иднина граѓанските организации ќе може да го користат при аплицирање на проекти.
Проектот е финансиран од Европската Унија и истиот Регионалниот центар за застапување во партнерство со Општина Делчево како грант добиен преку програмата за регрантирање, во рамките на партнерскиот проект на фондацијата за локален економски развој „Преда плус“ и ASB Германија „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“.