
Регионалниот центар за застапување заедно со членовите на Младинскиот Хаб денеска подели 80 хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства од Делчево и населените места. Пакетите се состојат од прехранбени производи и средства за дезинфекција кои ќе бидат од голема корист за најранливите категории граѓани од нашата општина. Пакетите се обезбедени преку Банката за храна со средства од Делегацијата на ЕУ во Македонија. Досега преку оваа соработка во Делчево се поделени 180 пакети.



