Заокружен циклусот на обуки за јакнење на капацитети за Архуска Конвенција

Со четвртата обука насловена како „Примена на електронските алатки во примената на Архуската Конвенција“ се заокружи циклусот активности наменети за јакнење на капацитетите во рамки на проектот Животна средина, демократија и градење на капацитети за Архуска конвенција во регионот Пијанец – Малеш“. Обуката се одржа во хотелот „Тино“ во Охрид во периодот 11-13 ноември и на истата присуствуваа 20 претставници од НВО секторот, локалните самоуправи и останати заинтересирани страни од Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица.

Обуката ја водеше Јордан Бајрактаров со 15 годишно меѓународно искуство во областа на обучување на теми поврзани со животна средина и комуникации и личност која директно била вклучена во изработката на првите материјали за Архуската Конвенција во Македонија. Сесиите генерално опфаќаа инфомрации за имплементација на информативниот столб од Архуската конвенција со фокус на ефективно информирање преку искористување на предностите на новите дигитални технологии и овозможување на нивно користење од страна на јавноста. Потоа, промовирање на синергија преку поврзување на релевантните иницијативи на владите, партнерските организации и други засегнати страни со цел подобрување на споделувањето и пристапот на јавноста до информациите за животната средина, вклучувајќи електронски алатки за информирање, е-влада, СЕИС (Shared Environmental Information System) и сл. во пан-европскиот регион. Учесниците исто така имаа можност да се запознаат и со процесот на модернизирање на информативните системи за животна средина и подигнување на профилот на информациите за животната средина преку нивната достапност, споделување и пошироко распространување. Презентација на моменталната состојба со информативниот систем во Република Македонија.

Работата за време на сесиите беше и практична преку реални примери од сите општини поединечно. Освен оваа активност во рамки на проектот се спроведе анализа на спроведувањето на процесот на слободен пристап до информации во четирите општини и спроведено е истражување за познавањата на 200 граѓани за Архуската Конвенција. Како финална активност изработено е промотивно видео за проектот и промотивни материјали, а до крајот на имплементацијата во декември предвидена е дебатна емсија на тема примена на законските регулативи и оваа конвенција во регинот.

Проектот се спроведува во рамки на проектот „Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија” финансиран од Европската Унија во рамки на ИПА Фонд за граѓанско општество и медиумска програма 2016-2017 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)