
Во рамките на проектот “Енергетски ефикасно училиште” спроведуван од Регионален центар за застапување Делчево во партнерство со ООУ “Ванчо Прќе” Делчево, по спроведената тендерска постапка за набавка на сончеви колектори, започна и нивно монтирање. Ќе се монтираат 6 +1 сончеви колектори, кои што на ООУ Ванчо Прќе ќе му овозможат добивање на топла вода за одржување на хигиената во училиштето и топла вода за лична хигиена на учениците пред се оние кои ја користат спортската сала за спорт и рекреација .
Проектот е финансиран од Швајцарската конфедерација преку Програмата за зачувување на природата во Македонија која се имплементира од страна на Helvetas Swiss Intercooperation – Швајцарија и Фармахем дооел-Скопје