Започна реализацијата на проектите од Третиот повик од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија

Започна имплементацијата на проектите од Третиот повик од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија CCI NUMBER 2007CB16IPO007. 

Проектот ќе се спроведува во соработка помеѓу Генералниот директорат за “Територијална соработка и управување” во рамките на Министерството за Регионален Развој и Јавни Работи на Р. Бугарија, како Управен Орган (УО) за Р.Бугарија – Р.Македонија на ИПА Програмата за прекугранична соработка, Регионална Стопанска Комора за Трговија и Индустрија- Благоевград и Регионален Центар за Застапување – Делчево. 

Проектот е ко-финансиран од Европска Унија, а истиот ќе се спроведува во времетраење од 12 месеци и има за цел да придонесе за постепено усвојување и употреба на тимска работа и тимска ефективност во граѓански здруженија и структури во Република Бугарија и Република Македонија, како важен фактор за развој на локалната демократија и социјална кохезија.

Во однос на ова проектните активности вклучуваат истражување во областа на управување со човечки ресурси, обука за развој на напредни вештини и  компетенции, како и трансфер на најдобрите практики во управувањето со човечките ресурси. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)