Иницијативата за формирање на локален младински совет ќе спроведува локален младински настан во општина Делчево

Насликај ја својата иднина

На 13ти декември, со почеток во 13 часот, во Градскиот парк на општина Делчево, иницијативата за основање на локален младински совет организира настан „Насликај ја својата иднина“ преку кој младите од општина Делчево на креативен начин и различни активности ќе можат да кажат и покажат што сакаат во Општина Делечво. Оваа акција е дел од проектот “Развој на локално младинско учество и локални младински политики ” на Младински образовен форум и Центар за меѓукултурен дијалог, финансиран од Европската Унија.

На настанот заинтересираните млади ќе ги пишуваат своите пораки и желби за Делчево, поврзани со потребите на младите на својата рака и дланка и со напишаната порака ќе бидат фотографирани на различни локации, во зависност од пораката. По завршувањето на настанот од фотографиите ќе се изработи календар „Календар на младинската иднина во општина Делчево“.

Настанот ќе започне во 13 часот во градскиот парк во Делчево и ќе трае 2 часа на различни локации во градот. Преку овие активности младите ќе имаат можност да ја покажат својата креативност, но и да кажат и испратат порака до јавноста што тие посакуваат во општината во која живеат.

Целта на овој настан е да им понуди на младите канал преку кој ќе можат да го кажат своето мислење и потреби кон општината, да ја промовира потребата од локално младинско здружување и да ги позиционира младите како релевантен фактор во процесите на донесување на одлуки кои ги засегаат.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (Civil Society Facility).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)