Иницијативен состанок за формирање Мрежа за Безбедност и здравје при работа

Регионалниот центар за застапување од Делчево, како имплементатор на проектот „Едукативен центар за Безбедност и здравје при работа во Источен-плански регион“ ја започна иницијативата за формирање Регионална мрежа за безбедност и и здравје при работа за источниот регион. За таа цел во Делчево се одржа иницијативен состанок на кој присуствуваа сите заинтересирани страни кои ќе бидат дел од оваа мрежа.

Состанокот беше наменет за сите кои сакаат да се вклучат во формирање на мрежата, односно, невладини организации, бизнис-сектор, локални и надлежни институции, експерти од областа на трудовото право и безбедноста и здравјето при работа, граѓани и медиуми од целиот источен регион. На состанокот присутните заедно со надворешен експерт започнаа со спроведување на процесот на воспоставување на мрежата, преку креирање на пропратните документи, од кои ќе произлезе меморандум за формирање на мрежи и акциски план за едногодишно делување на мрежат, Истите понатаму ќе преземаат иницијативи за промотивни активности во делот на БЗР во регионот. Воедно, ова ќе биде прва формирана регионална мрежа за БЗР во Македонија.

Целта на формирањето на една ваква мрежа,е да се мобилизираат сите засегнати страни, кои работат или имаат интерес во делот на безбедноста и здравјето при работа. Проектот се спроведува во партнерство со МЗЗПР, а е финансиран од Европската Унија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива