Млади од Делчево на работилница во Бугарија во рамки на Еразмус плус

Регионалниот центар за застапување – Делчево заедно со уште седум организации од Бугарија, Унгарија, Турција, Романија, Молдавија, Грузија и Србија, од февруари започна со спроведување на проектот „ Младински  дигитални вештини за подобра активност и писменост“ преку Еразмус + програмата на Европската Унија.  Како дел од активностите е организирање на практична обука во  Р. Бугарија која периодов се одржува во Габрово и на која присуствуваат неколку млади и од Делчево.

Тие се обучуваат за нови дигитални вештини за поттикнување на младинската иницијативност, волонтирањето, доживотното учење итн. Освен тоа имаат можност да ги подобрат своите јазични и социјални вештини, писменост, лидерство, тимска работа, иницијатива итн.  Учесниците имаат можност да формираат  позитивен став кон дигиталните алатки како начин за поголемо вклучување на младите во општествените процеси.

Идејата на проектот освен поттикнува на нови вештини е и да се поттикне споделување на европски вредности и можности „Еразмус +“ и подобро да се  разбере културната разновидност и меѓукултурната комуникација.  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)