НВО секторот од регионот ги јакнеше своите капацитети за зелената економија

Во рамки на проектот „Регионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија“ кој РЦЗ го реализира во периодот од јуни – декември 2020 година се одржа буката наменета за претставници од граѓанскиот сектор од регионот Малеш-Пијанец со цел да се приближат приниципите на зелена економија, зелено претприемништво и зелени работни до нив како едни од клучните целни групи во овој проект.

Обуката насловена како „ Зелена економија за развој на
регионот“ ја водеше експертот за развој и имплементација на проектите финансирани од ЕУ, Ристо Иванов и во истата беа вклучени 10 граѓански организации од микрорегионот
за примена на концептот на зелена економија и зелено
претприемништво, посебно оние кои се активни во областа на руралниот развој и диверзификацијата, како и во заштитата на животната средина и заштитата на природата.

Учесниците се стекнаа со знаења во однос на примената на концептот за зелена економија, законската основа на примена на концептот за зелена економија, можностите за финансирање на зелени проекти, како и секторски анализи од аспект на предизвици, можности и примери на добра практика.

Проектот „Регионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија“ е финансиран од Европската Унија преку мрежата на Рурален развој на Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)