Неделна кампања во Делчево – „Интернет суперхерои“ во заедничка борба против лажните вести

Изминатата недела во Делчево за првпат беше спроведена неделна кампања за подигнување на јавната свест за медиумската писменост и борбата против лажните вести. Во рамки на проектот „Интернет Суперхерои“ кој го имплементира РЦЗ во периодот од 25-29 ноември беа спроведени низа едукативно- информативни активности наменети за граѓаните, но со посебен фокус на основците и средношколците и нивните професори и наставници од делчевските училишта. Откако претходно кампањата беше актуелизирана преку постери поставени на неколку локации низ градот првите три дена се организираа три едукативни работилници во ОУ „Климент Охридски“, ОУ „Ванчо Прке“ и СОУ „М.М. Брицо“. На работилниците беа присутни по околу 15-тина ученици како и по неколкумина заинтересирани професори кои веќе предаваат по предмети кои ја обработуваат тематската единица медиумска култура. Учениците внимателно ја следеа презентацијата и сите се вклучија во креативните вежби заедно со новинарката која ги водеше работилниците. Притоа, поставуваа прашања и бараа објаснувања за стручни термини, а и даваа примери за лажни вести кои секојдневно ги среќаваат на интернет.

Четвртиот ден од кампањата беше резервиран за проекција на едукативни филмови наменети за сите заинтересирани граѓани кои се одржаа во салата на средното училиште „М.М.Брицо“, а кои беа проследени со голема внимателност.

Последниот ден од неделната кампања беше инфо ден на кој во градот беа поделени флаери со едукативна содржини и основни чекори и информации за медиумската писменост и справувањето со лажните вести. Оваа неделна кампања наиде на голема поддршка од различни групи граѓани, но посебно од оние од образовниот сектор кои велат дека имаат потреба од вакви и слични активности за поттикнување на медиумската писменост и справувањето со лажни вести. Во неформални разговори тие не информираат дека она што е предвидено со формалното образование не е доволно за учениците да се едуцираат од областа која е клучна во време на медиумска презаситеност и користење на интернет. Токму затоа тие покажаат интерес и за вклучување во сите наредни активности додека трае проектот.

Оваа неделна кампања е дел од проектот „ Интернет суперхерои“ кој во наредните 5 месеци Регионалниот центар за застапување го спроведува во источниот регион на Македонија. Проектот се имплементира во соработка со Фондацијата Метаморфозис и Еуротинк, а истиот е финансиран од Европската унија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)