Ново Еразмус + доживување!

„Патоказ на еколошки практики во младинската работа во руралните области и урбаните предградија“ е новиот партнерски проект на РЦЗ кој во наредната 2022 година ќе го спроведува заедно со Институтот за културно наследство од Бугарија и Associacao para a lgualdade AEQUALITAS од Португалија. Проектот е во рамки на програмата Erasmus + KA21-YOU, Small scale partnership in youth. Целта на проектот е одржлив еколошки развој кој ќе предизвика социјални промени на индивидуално и колективно ниво. Зелените вештини ќе се стекнуваат низ процес на неформално учење. Очекуваните резултати се креирање на можности кај вклучените организации и младински работници да почнат со користење на нови еколошки практики и со тоа да помогнат на руралните и урбаните области во транзицијата кон „зелена“ одржливост. Во рамки на 15 месечниот проект ќе има повеќе активности од кои клучни се две работилници кои ќе се одржат во Делчево и една во Бугарија и Португалија. Дополнително ќе бидат организирани 3 транснационални состаноци, национални настани и финална конференција. Активностите од кои првата работлница во Делчево, ќе започнат на крајот од месец јануари.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)