
Во рамки на проектот „Бизнис развој на млади преку социјално претприемништво“ Регионалниот центар за застапување од Делчево, организира Младински камп за социјално претприемништво на Планината Голак. Согласно временскиот план за реализација на проектот предвидено е кампот да се одржи два дена (сабота-недела) на почеток од Јули. Предвиден датум е 03 – 04 Јули, но секојдневно се следи временската прогноза поради тоа што настанот ќе се одржува на отворено, можно е датумот да претрпи измени за кои навремено ќе бидете информирани. Истотака во процес на организација е и можноста за кампување во шатори вечерта на 03. Јули за учесниците.
На настанот е предвидено да учествуваат 50 млади лица од Делчево и околните општини кои ќе имаат можност два дена да се дружат, да ги развиваат своите вештини и да стекнат искуства во делот на социјално претприемништво за млади, волонтерството, лидерство, комуникација, развивање на младински локални иницијативи, да имаат активности во природа и сл. Листата на активности за учесниците дополнително ќе биде доставена во целосната агенда за Кампот во текот на наредните две недели.
За ситe дополнителни информации може да не контактирате на 077/ 523 -981 или на rczdelcevo@gmail.com.
Линк за регистрација најдоцна до 20 Јуни : https://docs.google.com/forms/d/1JgFk9sqDnzs-l1Lo00QxKWto5Tb9pxAikzrYdwrlPnA/edit
Ве очекуваме!
https://www.youtube.com/watch?v=zX5VjJpKexc