„Подобар пристап до правда за Архуска Конвенција“ обука за НВО секторот од регионот

„Подобар пристап до правда за Архуска Конвенција“ беше насловот на втората обука која РЦЗ ја организираше во рамки на проектот „ Животна средина, демократија и градење капацитети за Архуската конвенција во регионот Пијанец- Малеш“ . Обуката се одржуваше од 24-26 август во просториите на хотел Македонија во Делчево и на истата присуствуваа претставници од НВО секторот од четирите општини од микрорегионот Малеш-Пијанец. За време на тридневниот настан присутните имаа можност да се запознаат со третиот столб на конвенцијата, а тоа е пристапот до правда кога се работи за прашања поврзани со животната средина.

Обуката ја водеше искусниот обучувач Борис Шарковски кој има долгогодишно искуство во работа со проекти од областа на животната средина и правото. Во рамки на сесиите тој на учесниците им ги посочи клучните правни сегмети наменети за областа, искуства, примери и студии на случај од Европа и нашата земја. Право на пристап до правда во случај на повреда на правата од Конвенцијата во рамки на националното законодавство предизвика најголем интерес кај присутните бидејќи се отворија дискусии и многу прашања за веќе реални секојдневни проблеми чии решенија може да лежат токму во овој дел.

Обуката во голем дел се состоеше од практична работа и презентирање реални примери од општините во регионот. Учесниците заеднички со проектниот тим ги анализираа најголемите проблеми со кои се соочуваат општините во моментот од областа животна средина, со што се подготвуваат за конкретно делување на терен. Во наредниот период, за кога се планирани уште две обуки, вклучените страни ќе се запознаат подетално со електронските алатки кои може да послужат за подобра имплементација на Архуската Конвенција кај на, а последната обука ќе треба да ги зајакне капацитетите на целните групи од областа слоб оден пристап до информации за прашања поврзани со животната средина.

Бидејќи настанот се одржа во време на светска пандемија, согласно Планот на Владата за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот, РЦЗ во целост го примени донесениот протокол за одржување обуки, со што учесниците беа заштитени во текот на неговото времетраење.

Проектот се спроведува во рамки на проектот „Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија” финансиран од Европската Унија во рамки на ИПА Фонд за граѓанско општество и медиумска програма 2016-2017 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)