
На 6 октомври, Регионалниот центар за застапување ја одржа првата од двете предвидени обуки за јанкење на капацитетите на целните групи кои се вклучени како крајни корисници во проектот „Регионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија“ кој го реализира во периодот од јуни – декември 2020 година. Обуката беше наменета за претставници од бизнис секотор од регионот Малеш-Пијанец и целта беше приниципите на зелена економија, зелено претприемништво и зелени работни места да се приближат повеќе кон малите и средните претпријатија од регионот.

Исто така еден дел од работилницата беше наменет за можните донатори и фондови кои можат да ги користат малите и средните претпријатија од Делчево и регионот околу Делчево. Како една од можностите во време на Ковид-19 и најразлични економски кризи се грантови преку кои можат да ги потпомогнат и организираат зелените работни места.

Проектот „Регионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија“ е финансиран од Европската Унија преку мрежата на Рурален развој на Македонија.