Прва работилница од проектот „Малеш-Пијанец, вашата идна дестинација“

Во Делчево се одржа прв настан од проектот „Малеш-Пијанец, вашата идна дестинација“. Проектот како што информираше координаторот Тони Стоименовски е наменет за промоција на туризмот во регионот Пијанец-Малеш, истиот е финансиран е од We Efect и ќе се спроведува во наредните 5 месеци. 

-Локалната група Малеш-Пијанец која што е составена од граѓанските организации, општините од регионот, бизнис секторот и успеа да обезбеди уште еден нов проект кој ќе трае до месец декември 2020 година. Покрај промоција на регионот целта е да се подготват готови туристички дестинации или тури кои што ќе бидат наменети за домашните и странски туристи. Вклучува обука, едукација, мапирање на поинтересните локации во регионот и мапирање на луѓето кои се занимаваат со туризам, независно дали се работи за приватни лица, хотелиери, сопственици на ресторани кои ни се целна група и покануваме со свои идеи да се вклучат во сите наши активности, истакна Стоименовски.

Тој очекува дека активностите ќе влијаат на промоција на големиот број локации, настани и туристички локалитети со кои располага Пијанечко-малешевскиот регион, а потенцијалите на регионот ќе бидат ставени на туристичката мапа во земјава и странство со цел во догледно време да го достигне нивото на познатите туристичките места како Охрид, Дојран, пелистер и Попова Шапка.

Константин Циривири од Маунтин Експириенс пред присутните на настанот како дел од туристичката понуда на регионот Малеш-Пијанец ги вброи и сезонските производи кои со соодветно менаџирање би можеле да бидат конкурентни со прозиводите од опкружувањето.

-Регионот генерално според моето активно работење на терен има фантастичен потенцијал за развој на овој тип на туризам, а освен тоа е многу важно што сезоналноста на производите така е поставена да можат овие производи да бидат конкурентни на пазарот со слични производи во опкружувањето, за да можат со својот квалитет да дојдат до полн израз. Од друга страна луѓето се расположени за соработка тоа се гледа по многуте иницијативи за развој на туризмот и сега овој проект е насочен кон поттикнување на сите потенцијали за активно управување со дестинацијата Малеш-Пијанец, рече Циривири.

Тој очекува по сумирањето на резултатите во месец ноември и конкретни резултати, но сепак е свесен дека до подобра промоција преку ноќ не се стигнува. Затоа додаде дека ваквите проекти се чекор плус кон поголемо придвижување кон дестинацијата Малеш-Пијанец.
Во реализација на проектот ќе бидат вклучени и фотографи кои преку социјалните мрежи кои ќе направат фотографии и записи, а ќе влијаат на збогатување на туристичката понуда во регионот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)