Прв координативен состанок за формирање на Младински Хаб

РЦЗ на 19 Март го одржа првиот координативен состанок за утврдување на приоритетите и насоките за начинот на функционирање на работа на првиот Младински Хаб во Делчево. На состанокот присуствуваа претставници од повеќе локални институции чие вклучување во овој проект ни е повеќе од потребно. Меѓу присутните имаше претставници од двете основни и средното училиште, бирото за развој на образованието и просветниот инспекторат, АВРМ, центарот за социјални работи, Црвениот Крст, Општина Делчево и локалните медиуми. Заеднички се дискутираше и се утврдија приоритетите кои се потребни за ефикасно функционирање на Хабот.

Во наредниот период ќе се одржат уште два вакви состаноци со младите и експретите од областа и од сите заклучои ќе биде креирана страгетија со акциски план за функционирање на хабот во наредните 2 години. Активноста е дел од проектот Бизнис развој на млади преку социјално претприемништво во чии рамки ќе се формира младински центар, кој ќе биде збирно место на младите за развивање на своите идеи и иницијативи.

-Регионалниот центар за застапување ќе биде тука да ја изрази поддршката за младите во човечки ресурси со техничка опрема, со цел да им се помогне во развивањето, реализирањето и финансирањето на нивните идеи. За таа цел денес имавме координативен состанок со претставници на локалните институции од Делчево, а потоа ќе следуваат состаноци и со младите и експертите, по што од сите тие заклучоци ќе направиме акциски план, како понатаму ќе функционира овој Младински Хаб.

Активноста е во рамки на проектот „Бизнис развој на млади преку социјално претприемништво“  финансиран од Амбасадата на САД во Скопје кој ќе се имплементира до месец ноември 2021 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)