Претставници на РЦЗ и Општина Делчево на студиска посета во Бугарија

На 12-ти и 13-ти јуни во Општина Благоевград се одржва втората дводневна работилница на тема “ЛЕД осветлување – квалитет, ефикасност и чиста животна средина”.

Работилницата се одвиваше во два дела, односно првиот ден беше наменет за теоретскиот дел во рамките на темата, односно учесниците беа запознаени со Европската и Националната легислатива поврзана со подобрувањето на системите за осветлување во регионот, интеграција на ЕУ легислативата во националното законодавство на двете држави во областа на енергетската ефикасност, обновливи извори на енергија и емисија на стакленички гасови.

Вториот ден беше наменет за посета на објектите со енергетски ефикасно осветлување кои што се поставени и заменети во рамките на проектот.

Учесници на дводневната работилница беа претставници од општините Благоевград и Делчево, како и претставници од други јавни институции од двата региона.

Работилницата ја водеше експерт во областа на темата.

Дводневната работилница се спроведуваше во рамките на проектот “Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград – Делчево”, партнерски проект помеѓу Општина Делчево и Општина Благоеград, финансиран од Европска унија преку ИПА прекуграничната програма Македонија – Бугарија 2014-2020.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)