Претставници на РЦЗ на Меѓународна Конференција за регионална соработка за БЗР

Од 1-ви до 3-ти Ноември во Приштина, Косово, се одржа четвртата Меѓународната конференција за регионална соработка за безбедност и здравје при работа,во организација на BALcanOSH, мрежа на граѓански организации кои делуваат на полето на безбедност и здравје при работа на ниво на Балканот и кои преку размена на знаење, искуство и добри практики влијааат во обезбедувањето на безбедни и работни места.

Регионалниот центар за застапување од Делчево е единственото здружение од Источна Македонија кое е дел од оваа мрежа и по тој повод со тројца свои претставници беше дел од оваа тридневна конференција која традиционално се одржува секоја година.

– Целта на конференцијата беше да ги утврди насоките и фокусите на идните истражувања и развојот на безбедноста и здравјето преку размена на теоретски и практични искуства. Притоа присуствуваме на повеќе сесии кои обработуваа различни теми како размена на искуства во областа на евиденција на несреќи при работа, законски регулативи од различни земји, а бевме дел и од интерактивни форуми и панел дискусии. Истотака имавме можност да направиме и презентација на нашето здружение со фокус на последниот проект кој го реализиравме како членки на оваа мрежа, односно проектот за промовирање стандарди за безбедност и здравје при работа во источниот регион на Македонија. Присутните претставници на конференцијата ја погледнаа и 10 минутната истражувачка сторија која РЦЗ ја подготви во рамки на овој проект. Она што е важно е дека носиме позитивни искуства од нашиот престој во Приштина кои понатаму ќе ги искористиме во рамки на активностите кои ќе ги правиме на оваа тема – велат од Регионалниот центар за застапување.

На конференцијата присуствуваа претставници од министерства, инспекторати, универзитети, граѓански здруженија и бизнисмени од целиот Балкан. Досега, вакви конференции се одржаа во Охрид во 2015 година, Блед во Словенија во 2016 година и во Будва во Црна Гора во 2017 година.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)