
Во периодот од Февруари 2022 до Август 2023 година во Делчево ќе се спроведува Проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во микро регионот Пијанец-Малеш“. Проектот ќе биде реализиран од страна на Здружението “Регионален центар за застапување“ од Делчево, во соработка со Општина Делчево, Здружение „Амброзија“ Пехчево и Здружение „Здравец 2002“ Македонска Каменица. Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) и Здружението “Регионален центар за застапување“ од Делчево. Проектот е со вкупен буџет од 55.396 САД$, од кои 31.000 САД$ се обезбедени од страна на Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ ПМГ), додека остатокот е обезбеден со учество на Здружението “Регионален центар за застапување“ од Делчево, Општина Делчево, Здружение „Амброзија“ Пехчево, здружение „Здравец 2002“ Македонска Каменица.
Конкретна цел на проектот е: Промовирање на одржливо и совесно управување со ОЕЕО отпад и промоција на кружна економија.
Главни проектни активности:
- Кампања за поправка на материјали од ОЕЕО и промоција на проектните активности
- Организирање на постор и опремување на простор со опрема за поправка на стара ИТ опрема, бела техника и мобилни телефони
- Јакнење на капацитетите на претставници на граѓанскиот сектор и менторство и обука на шест млади заинтересирани за справување со ОЕЕО отпад
- Промоција на резултатите
Повеќе информации за ГЕФ ПМГ може да се најдат на www.gefsgpmacedonia.org.mk и https://sgp.undp.org.