Промовирана новата алатка за дигитална писменост DIGILIT

Во рамки на проектот „Дигитална писменост за иновативен пристап во учењето“ кој РЦЗ го спроведува од почетокот на годината, изработена е веб платформата во насока на подобрување на учењето на средношколците од општината. Во соработка со СОУ М.М.Брицо се организираа средби со раководството, професори и ученици при што беа идентификувани онлајн ресурсите кои средношколците најчесто ги користат како дополнителна литература. Од нив периодов се изврши селекција на најрелевантните кои се поставени на веб платформата насловена како DIGITLIT ( Digital literacy). Платформата е со посебен систем за најава на учениците и професорите преку која во дигитална форма соодветно е претставена датабазата од онлајн ресурси наменета за учениците.

Токму по нејзината изработка беше организирана јавна трибина на која истата беше презентирана , а пред присустните професори беше презентиран и начинот на кој функционира. Оваа алатка е едноставна и лесна за употреба и нуди можност професорите соодветно да ја надополнуваат.

Целта на проектот беше развивање способност кај средношколците за користење дигитални технологии како алатки за селекција, анализа и поврзување на информации од повеќе извори и нивна употреба за подобрување на ефективноста во учењето како и подигнување на свеста на локално ниво за значењето на дигиталната писменост во рамки на секојдневна употреба на информации од дигитален формат и преку дигитални уреди. Со тоа делчевската гимназија е првата која располага со ваква исклучително богата платфора која треба многу да допринесе и во наставниот процес во државата.

Проектот е финансиран од ЕУ како дел од регионалниот проект „Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите“ кој во Македонија го спроведува Македонскиот институт за медиуми. Платформата може да ја разгледате на линкот во продолжение, пристапот до материјалите е единствено достапен за средношколците и професорите.

http://digilit.rcz.delcevo.org.mk/
http://digilit.rcz.delcevo.org.mk/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)