РАЗВОЈ НА ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ И ЛОКАЛНО МЛАДИНСКО УЧЕСТВО ВО 12 ОПШТИНИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА

Младински образовен форум, во соработка со Центар за меѓукултурен дијалог – Куманово, заедно со НВО Регионален Центар за Застапување – Делчево, во рамките на проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“финансиран од Европска Унија (Регионална ИПА програма), започнуваат иницијатива за воспоставување на локален младински совет и изготвување на стратегија на локален младинскиси совет. Иницијативата  ќе се спроведува во 12 општини во Р. Македонија од кои е и општина Делчево. Целите на овој проект се: да се зајакнат капацитетите на младинските структури во 12 општини во Македонија; креирање младински иницијативни групи на локално ниво заради подобрување на локалните младински политики; креирање  репрезентативни локални младински совети ( или други форми на претставничко младинско организирање) во 12 општини во Македонија; креирање, промоција и спроведување на локални младински политики и развој на младински активизам, неформално образование и младинска работа. Проектот ќе се спроведува 18 месеци во 4 фази. Во секоја од фазите се спроведува одреден вид на активности.

За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна на Младински Образовен Форум (МОФ), каде што ќе биде објавен и повикот за аплицирање за учество во оваа младинска иницијатива,  а воедно може да аплицираат сите заинтересирани млади активисти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)