Реализирани актвности како ЦП НВО-Делчево

ЦП НВО-Делчево делуваше во рамките на проектот “Центри за поддршка на НВО во социјално и економски неразвиени подрачја во Македонија“ (Дебар, Делчево, Кратово, Гевгелија, Ресен, Струмица, Струга и Неготино), проект финансиран од ФИОО-М и ЕУ и управуван од Европската агенција за реконструкција. Од официјалното отварање на 6 април 2004 година, до завршувањето на проектот во септември 2006 година, ЦП НВО Делчево успешно ја остварува својата мисија за зајкнување на граѓанското општесво во регионот.

Формирани се голем број на нови здруженија на граѓани, а веќе постоечките беа активирани и мотивирани со нови обучени членови.

Беа спроведени 23 планирани обуки, 2 посебни обуки (“Лобирање и застапување“ и “Финансиска одржливост“ обучувачи од COWI-Данска и МЦМС), 29 локални иницијативи, 17 вмрежувања и 3 посети.

Над 35 000 евра беа доделени како грантови за НВО, 13 за конкурсот за Граѓански акции и 13 за интернет пристап.

Успешно беа организирани:

  • посети на НВО Саем во Скопје во 2003, 2004 и 2005 и Регионален НВО саем во Струмица 2006
  •  трибина Процесот на Република Македонија кон Европската унија и перспективи
  • неколку тркалезни маси на различни теми.

Локалната самоуправа во Делчево, ЦП НВО-Делчево го согледа како партнер преку кој се слуша гласот на невладиниот сектор за креирање на политика на локално ниво и донесување на одлуки од приоритетно значење за општината.

Како резултат на добрата соработка, локалната самоуправа заедно со градоначалникот на општина Делчево, г-динот Горан Малешевски одлучи на ЦП НВО-Делчево да обезбеди бесплатно користење на простории од 43м2 со пристап за лица со посебни потреби, во времетраење од 10 години.

“Верувам дека овој проект е успешен досега, сметајќи на благодарноста на НВО кои што ги користат услугите на Центарот, библиотеката, колку многу вмрежувања и  иницијативи се спроведени и колку биле важни понудените обуки. Убеден сум дека ќе продолжите со вашата добра работа и по завршувањето на овој проект“

Беа зборовите на ЕУ Амбасадор Фуере за време на неговата посета на ЦП НВО-Делчево.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)