
На конференцијата која беше одржана во Атина на 17 – 18 јануари, се состанаа 250 учесника од високото образование , училиштата и млади учесници,со цел да се запознаат со најновите можности за соработка во програмата Еразмус +. Оваа програма вклучува градење на капацитетите, проекти, мобилност на повисоко ниво на образование , електронски збратимување на училишта во основното и средното образование и поддршка на младински активности.
Конференцијата беше емитувана во живо на веб, со цел, поголема интероперативност во Западниот Балкан и пошироко, а имаше и превод на јазиците кои се зборуват во регионот, како и на грчки и англиски јазик.
120 од учесници на високото образование беа главно универзитетски професори, ректори и некои официјални претставници на Министерството , вклучувајќи го и државниот секретар од Србија, заменик министерот од Албанија и три помошниминистри на Босна и Херцеговина. Други заинтересирани страни, кои зедоа учество наконференцијата беа учесници од 60 училишта, пред се наставници и директори, и 60 младински чинители од регионот . НВО Регионален Центар за Застапување – Делчево, исто така беше поканета и учествуваше на конференцијата со свој претсавник. Приоритет во поканувањето беше даден на оние со помало претходно искуство во програмите на ЕУ и на оние кои се надвор од метрополите. Сепак, беа вклучени и оние со успешни проекти , со цел, да ги споделат своите искуства.