Регионалниот центар за застапување дел од петдневна обука за организациски менаџмент во Охрид

Од 15 до 19 месецов во Хотелот Фламенго во Охрид, во организација на Фондацијата Преда Плус се одржа петдневна обука на тема „Организациски менаџмент на граѓански организации“. На обуката беа присутни претставници од 20 граѓански организации и нивни партнери од различни градови на Македонија кои се грантисти од проектот. 

Во текот на неколкудневната обука, учесниците имаа можност да се запознаат со процесот на подготовка на проекти, односно, раководење, планирање, идентификување на проблеми, утврдување на цели, избор на стратегија, алокација на ресурси, подготовка на буџет, раководење со човечки ресурси како и подготовка на целосни апликации.

 Учество на оваа обука зеде и претставник од Регионалниот Центар за застапување од Делчево кој истотака е грантист од проектот„Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во прoцесот на донесување одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“, односно Регионалниот центар за застапување заедно со Општина Делчево го спроведува проектот „ Стратегија на Oпштина Делчево за соработка со граѓанскиот сектор“. За овој проект активностите се веќе во тек.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)