РЦЗ Делчево една од осумте инфо точки на програмата „Млади во акција“

Регионалниот центар за застапување – Делчево од месец Август ја доби можноста да биде една од предвидените осум (8) Контакт точки во Република Македонија за програмата Млади во акција. Договорот е потпишан со Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност. Во рамките на овој проект во нашиот град ќе бидат рализирани 3 настани за презентација и промоција на програмата Млади во акција. Покрај јавните настани каде што ќе може граѓаните да се информираат за работата на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност и програмата Млади во акција, секој работен ден од 12:00 – 14:00 часот просториите на Регионалниот центар за застапување ќе бидат отворени за информации поврзани со оваа проблематика.

Првиот настан официјално е закажан на 24. 08. (петок) 2012 год. Сите заинтересирани може да дојдат во просториите на ХОТЕЛ МАКЕДОНИЈА од 12 часот. 

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)