РЦЗ дел од Првата Национална Конференција на Преда Плус – „Низ очите на граѓанските организации: Модели на партнерства со локалните/национални власти“

На 26 април во Хотелот „Романтик“ во Велес се одржа Првата Национална Конференција за граѓанско општество во организација на Преда Плус, Скопје. На конференцијата која беше насловена како „Низ призмата на граѓанските организации: Модели на партнерства со локалните/национални власти“, учество зедоа и претставници на РЦЗ – Делчево кои заедно со Општина Делчево го реализираат проектот Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор.

На еднодневната работилница накратко беше презентиран овој проект, а преку работните групи беа дадени  предлози и заклучоци кои ќе бидат дел и од Националната стратегија за соработка со граѓанскиот сектор која ќе ја изработува и спроведува Владатана РМ во периодот од 2018 – 2020 година. 

Оваа конференција е во рамки на поректот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување одлуки преку зајакнување на новооснованите граѓански организации“ чиј грантист заедно со уште 20 организации ширум Македонија е и Регионалниот центар за застапување Делчево. 

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)