
На почетокот од овој месец претставници на РЦЗ по тринаесетти пат беа дел од годишна средба на здруженијата на граѓани кои работат на полето на животната средина и одржлив развој во Република Македонија која се одржа по 16-ти пат во Охрид.
Средбата се фокусираше на имплементацијата на Архуската конвенција во нашата земја, се презентираше новоотворениот Архус центар, со фокус на идните активности и од каква полза е центарот
за граѓанските здруженија кај нас. На средбата се дискутираше помеѓу граѓанските здруженија на тематски области кои се дел од агендата на оваа средба. Координативното тело за соработка помеѓу граѓанските здруженија и МЖСПП како и одговорните лица на работните групи ја презентираа работата меѓу две средби и конкретните постигнувања и активности.
Оваа година средбата се реализира во рамките на проектот „Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“, финансиран од ЕУ во рамките на ИПА Фондот за граѓанско општество и медиумска програма 2016-2017.