РЦЗ одбележа 12 години постоење

Во петокот на 26 октомври, својот 12 годишен јубилеј го одбележа Регионалниот центар за застапување, здружение кое било формирано од петнаесет здруженија од регионот на општините Делчево, Пехчево, Македонска Каменица, Берово и Виница. Според претседателот на РЦЗ, Тони Стоименовски здружението прво работело како Центар за поддршка на невладини за потоа да произлезе денешниот Регионален центар за застапување.

-Во изминатите 12 години успеавме да реализираме голем број проекти како со локалните самоуправи од споменатите општини, потоа со бизнис заедницата, со граѓанскиот сектор, но и со голем број на мрежи како од Македонија така и од Европската Унија. Задоволство е после 12 години да зборуваме за нашите почетоци и луѓето со кои почнавме, соработувавме и ќе продолжиме да соработуваме успешно продолжувајки ја нашата приказна, рече Стоименовски.

Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски кој заедно со неговиот колега од Пехчево присуствуваше на настанот,

истакна дека е чест Делчево да има такво здружение кое придонесува во зголемувањето на демомратските принципи.

-Локалната самоуправа има среќа што има невладин сектор кој битно влијае на развој на нашата општина во овој изминат период на плурализмот и ние како локална самоуправа сме секогаш отворени за соработка со невладиниот сектор особено во изминатата една година откако јас сум градоначалник. Особено драго ми е што со РЦЗ ја изработивме стратегијата за соработка со невладиниот сектор што че биде еден појдовен документ врз основа на кој ќе ги темелиме нашите заеднички цели, рече Трајковски.

Од основањето до денес во центарот биле вработени повеќе од 30 луѓе биле дел од изработката на големиот број проекти кои иако биле мали, но сепак значајни за регионот.

Од страна на Регионалниот центар за застапување беа доделени благодарници за сите кои дадоа свој допринос во развој на здружението.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)