РЦЗ се претстави на третиот форум на граѓански организации во Делчево

На тема „Споделување на знаење и искуство за подобро општество“ во Делчево се одржа форум на граѓански организации на кој учествуваа 30 претставници од граѓанскиот сектор и локалните институции од 5 општини на крајниот исток. На форумот своја презентација имаа и претставници од Регионалниот Центар за застапување.

Настанот беше во рамки на УСАИД програмата за граѓанско ангажирање во организација на КХАМ. На тема „Преку споделување на искуства до подобро општество“ невладините организации од 5 општини Делчево, Берово,Пехчево, Виница и Македонска Каменица и претставниците на одделенијата на ЛЕР од истите општини дискутираа за воспоставувањето на механизми за партиципативно учество на граѓаните во креирање на локално ниво.

Форумите се организаираат со цел донесување на ефикасен модел на граѓански дијалог со локалната сампоуправа, а се во функција на транспарентност и отчетност на институциите на локално ниво. Главна интенција на денешниот настан е  заложбата за иницирање постапка пред локалните самоуправи за воведување на институционален механизам за подобра соработка на граѓанските организации со локалните самоуправи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)