РЦЗ спроведува проект за промовирање стандарди за безбедност и здравје при работа

Промовирање на стандарди за безбедност и здравје при работа и следење на спроведувањето на БЗР во источниот регион на Република Македонија е насловен проектот кој Регионалниот центар за застапување од Делчево периодов го спроведува на крајниот исток од Македонија. Проектот кој ќе трае шест месеци, ќе се реализира преку повеќе активности во општините Делчево, Берово, Пехчево, Македонска Каменица и Виница со цел да се обрне повеќе внимание на оваа област преку утврдување на моменталната состојба во примената на законите и преку давање насоки за поголемо спроведување на веќе поставените стандарди. 

Според претседателот на РЦЗ, Тони Стоименовски, кој со својот тим го спроведува овој проект, целта е да се поттикнат бизнис секторот и јавниот сектор од овој регион да одржуваат повисоки стандарди за безбедност и здравје при работа, но и воопшто работниците да бидат подобро запознаени со безбедноста на своето работно место.

Проектот предвидува повеќе активности меѓу кои клучно е спроведувањето на истражувањето и подготовката на истражувачките стории. За нас превенцијата ќе биде клучна порака која ќе ја испратиме до лицата кои вработуваат без разлика дали се работи за приватен или јавен сектор и да ставиме на знаење дека инвестицијата во заштитни средства и опрема за подобро работење, не се изгубени средства туку инвестиција во самата фирма. Истовремено ги повикуваме и граѓаните кои некогаш се соочиле со повреди или судири со законот во тој дел да не исконтактираат и нивниот проблем да се случи јавно, секако позитивните и негативните примери ќе бидат јавно пренесени преку истражувачки стории .вели Стоименовски.

Марио Вељковиќ магистер по стратешки менаџмент е задолжен за подготовка, спроведување и анализа на истражувањето кое ќе се прави со интервјуа и анкети во компаниите и институциите од регионот.

 Со ова истражување сакаме дефинитивно да дојдеме до изворни податоци и да утврдиме врз база на факти одредени состојби, одредени трендови за безбедноста и здравје при работа најчесто се зборува само кога ќе има инцидент, она што ние сакаме да го направиме е да ги утврдиме состојбите и потоа во некоја следна фаза со проекти да се направи промена во позитивна насока, истакнува Вељковиќ.

Регионалниот центар за застапување од Делчево постои од 2006 година и е главен партнер на бизнис секторот, општините и јавните претпријатија во регионот, со кои заеднички се зајакнуваат капацитетите, се влијае на актуелните теми се со цел да се подобри живеењето на граѓаните. Овој проект РЦЗ го реализира во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, а е финансиран од Европската Унија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)