РЦЗ ја одржа првата работилница за организациска самопроценка како дел од проектот „Едукативен центар за безбедност и здравје при работа за Источен плански регион“

Регионалниот центар за застапување од Делчево започна со имплементација на активностите од првата фаза од проектот „Едукативен центар за безбедност и здравје при работа за Источен плански регион“ кој го стартуваше во јануари годинава. Изминатиот викенд  (22 и 23 март) се одржа дводевна работилница за организациска самопроценка наменета за граѓанските организации кои се основачи и и кои се дел од управните органи на РЦЗ. Целта на работилницата беше  преку утврдена методологија да се скенира и утврди моменталната ситуација во организацијата во поглед на технички и човечки ресурси со кои располага.  На првиот ден присутните се запознаа со основните  информации од проектот и улогата на проектниот тим.  Присутните пополнија прашалник наменет за оценка на перцепцијата на надворешните страни за РЦЗ согласно утврдени области и критериуми, а  беше изработена SWOTанализа на РЦЗ. Вториот ден беше резервиран за објаснување на чекорите во процесот на самопроценка, утврдениот инструмент и поставената матрицата за самопроценка на организациските капацитети. Во вториот дел од работилницата се дискутираше по однос за матрицата за одредување развојни приоритети и беше изготвен план за градење капацитети според одредените развојни приоритети. Останатиот дел беше наменет за дискусиони прашања.

Во текот на наредниот месец РЦЗ продолжува со уште две еднодневни работилници кои се истотака наменети за зајакнување на капацитетите на граѓанските оранизации. Едната работилница ќе биде наменета за утврдување документи и правилници за управување со човеки ресурси, а другата за финансиско работење. Овие активности се дел од првата фаза на осумесечниот проект. Втората фаза е наменета за активности поврзани со формирање на мрежа на граѓански организации кои дел од својата работа ќе ја насочат кон промовирања и залагања во областа безбедност и здравје при работа што ќе биде регулирано со меморандум за воспоставување мрежа и акциски план врз основа на кој ќе се одвива работењето на мрежата. Третата фаза од проектот ќе се одвива паралелно  со првите две и ќе се однесува на формирање центар за БЗР за источен плански регион кој на едно место ќе ги координира сите заинтересирани страни кои директно или индиректно се вклучени во активности за безбедност и здравје при работа .  Како целни групи ќе бидат опфатени граѓанските организации, бизнис секторот, стручната јавност и медиумите од регионот.

Со реализацијата на овој проект РЦЗ се етаблира како водечка организација во делот на БЗР во регионот бидејќи со сите досегашни активности кои се преземени, организацијата се наметнува како партнер на сите чинители од оваа област вклучувајќи ги и медиумите за подигнување на јавната свест.

Проектот е финансиран од Европската Унија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива