Се изработува зелен акциски план за Фротирка – Делчево

Согласно проектната апликација „Регионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија“ чија цел е јакнење на улогата на граѓанските организации и јакнење на капацитетите на бизнис секторот од микрорегионот за важноста на имплементацијата на концептот зелена економија и зелено претприемништво во нивната секојдневна работа, предвидена њ изработка на зелен акциски план за една компанија од регионот. Изработката на планот е бесплатна т.е. компанијата нема никакви финансиски обврски за неговата изработка. После одржаната обука со претставници на бизнис секторот од регионот и во присуство на стручно лице интерес за изработка на ваков план покажа компанијата Фротирка од Делево со која заеднички се подготвува планот кој треба да е готов и ставен во функција до крајот на наредниот месец.

Раководните лица на Фротирка се задоволни од досегашната соработка и очекуваат овој план да најде клучно место во нивната работа и активностите кои се планирани за наредните неколку години во поглед на намалување на трошоци и зачувување на животната средина. Професорот по економски науки Ристо Иванов, кој го изработува планот смета дека ова е стратешки документ кој треба да го има секоја компанија која цели кон добри практики и следење на европски трендови во областа на животната средина.

Проектот РЦЗ го спроведува во текот на изминатите 6 месеци и во рамки на планираното направено е обемно истражување за примена на концептот за зелена економија кај компаниите од регионот, од што произлезен е и детален извештај, а истотака спроведени се две обуки за ГО и бизнис секторот од регионот за овој концепт. Во рамки на проектот е изработено и промотивно видео. Проектот е финансиран од ЕУ во рамките на проектот НАГЕ/NAGE- Вмрежување и застапување за зелена економија кој го спроведува Мрежата за рурален развој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)