Спроведена обука за Енергетска ефикасност – сончева енергија

Енергетски ефикасно училиште

Партнерски проект помеѓу Регионален Центар за Застапување, ООУ “Ванчо Прќе” и општина Делчево

На ден 22.06.2015 се одржаеднодневна обука на тема Енергетска ефикасност – сончева енергија,  во рамките на проектот “Енергетски ефикасно училиште”, финансиран од Швајцарската конфедерација преку програмата за зачувување на природата во Македонија која се имплементира од страна наHelvetas Swiss Intercooperation – Швајцарија и Фармахем дооел-Скопје.

Цели на проектот:

  • Преземање на енергетско ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасови
  • Добивање на топла вода за одржување на хигиената во училиштето и топла вода за лична хигиена на учениците пред се оние кои ја користат спортската сала за спорт и рекреација
  • Промоција на енергетската ефикасност и промоција на проектните активности преку подготовка  на промотивни материјали

Еднодневната обука на тема енергетска ефикасност – сончева енергија е една од  предвиденнте активностите во проектот, и беше наменета за вработените во училиштето, родители на ученици кои учат во училиштето и членови на Регионалниот Центар за Застапување, со цел да се информираат повеќе за сончевата енергија и нејзиното искористување во различни индустрии и домакинствата.

 На обуката учество земаа околу 30 учесника од релевантните институции.

 Обуката заврши во 13.30 часот.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)