Ставена во функција и јавно достапна Стратегијата на Општина Делчево за соработка со граѓанскиот сектор

„Стратегијатa на Општина Делчево за соработка со граѓанскиот сектор“  беше проект кој го реализираше здружението Регионален центар за застапување Делчево и Општина Делчево финансиран од ЕУ преку Преда Плус. Истата се изработуваше изминатите 8 месеци во рамки на кои се одржаа 4 работилници, со десетина активни невладини организации од општината. 

Стратешкиот документ беше усвоен и од Советот на Општина Делчево на 15-та редовна седница со што тој и официјално е ставен во функција. Јавно е достапен и мoже да се прочита и преземе на линкот подолу. 

http://delcevo.gov.mk/images/ler/strategija_sorabotka_so_gragjanski_sektor_2019_2022_1.pdf?fbclid=IwAR1jSwFDtuEQWkmKrtzlkO0yAH7XZ4T71jcBdtOKu3LSypwVo3kCsfOmqV0

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)