
На 21 и 22 јануари во хотелот Рамада во Гевгелија се одржа TAIEX работилница за подготовка и поддршка на национална и локална администрација, потенцијални Локални акциони групи под ИПАРД, организиран во соработка со Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на Европската комисија. На работилницата присуствуваа претставници на ЛАГ Малеш – Пијанец кои подетално се запознаа со насоките за тоа како да се искористи финансирање од техничка помош (TA) за зајакнување на капацитетите на руралните здруженија , ЛАГ-овите и изготвување на локални стратегии за развој, што подоцна би помогнало многу за примена на мерка LEADER под ИПАРД.
На настанот присуствуваа членови на ЛАГови од Македонија, претставници од Министерството за земоделие, Министерството за финансии, Платежната Агенција, Мрежата за рурален развој и др. Присутните експерти ја објаснија имплементацијата на LEADER мерката во рамките на ИПАРД програмата, пренесоа информации за подобни активности и детално ја објаснија содржината која треба да ја имаат Стратегиите за локален развој. На крајот од работилницата беа претставени можностите за соработка за ЛАГови од Македонија со ЛАГови на ЕУ, кои би можеле да бидат финансирани од Програмите за рурален развој на ЕУ.
Македонија веќе неколку години ја спроведува мерката Техничка помош (ТА) во рамките на ИПАРД, но искористеноста на мерката досега е доста мала. Земјата веќе подолг период се подготвува за работење со LEADER мерката. Покрај тоа, Македонија веќе има околу 15 потенцијални Локални акциони групи (ЛАГ), во различни фази на развој, кои треба да ги искористат ЕУ фондовите.
One thought on “ТAIEX работилница за поддршка и подготовка на ЛАГови од ИПАРД програмата”