Учениците имаат интерес да се обучуваат за новите медиуми

Во рамки на проектот „Интернет суперхерои“, 48 ученици од двете основни училиштa ООУ„Ванчо Прке“ – Делчево„Св.Климент Охридски“ Делчево и средното училиште СОУ “Методи Митевски – Брицо” – Делчево , од Делчево на почетокот на месецот беа во посета на регионалната Tv Star – Televizija Star -Штип. Целта на посетата беше одблиску да се запознаат со начинот на кој работи најголемата медиумска куќа на Истокот, како се создаваат медиумските содржини и каква е техничката опременост. Учениците имаа можност да дознаат и како новинарите се справуваат со лажните вести низ интернет просторот и како придонесуваат за медиумската писменост.

За време на посетата тие покажаа интерс за вклучување во вакви практични активности преку кои полесно и поинтересно ќе научат нешто за медиумската писменост, новите медиуми и како да се справат со лажните вести. Тие веќе имаат неколку тематски единици во редовната настава кои делумно ги обработуваат овие теми, но и професорите се согласни дека тоа е премалку. Инаку поттикнати од овој проект тие планираат во иднина да ги активираат новинарските секции во училиштата и да почнат со изработка на училиншни весници, веб страни и водење социјални мрежи.

Оваа активност, Регионалниот центар за застапување – Делчево ја спроведува како грантист во рамките на проектот финансиран од Европската Унија Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк спроведуван од Metamorphosis Foundation и Eurothink – Centre for European Strategies

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Тони Стоименовски

Кратка порака за посетителите на РЦЗ Делчево

Следете не
За нас

РЦЗ Делчево

Регионален центар за застапување Делчево е граѓанска организација чија главна цел е зајакнување на граѓанското општество. Постоиме од 2006 година во кој период реализиравме голем број на проекти и активност во насока за остварување на нашата главна цел.

Брз преглед на архива
Ознаки (Tags)