
Двајца претставници на РЦЗ во моментот се дел од обука во рамки на проекотот „Нови дигитални вештини за работа со млади“ која се одржува од 18-24 Јули во Софија, Р. Бугарија заедно со млади од Унгарија, Шпанија, Турција,Италија, Австрија, Данска, Естонија, Полска, Украина, Латвиа, Литванија, Романија, Грузија и Португалија. Во текот на неколкудневната обука тие ќе имаат можност да развијат нови дигитални вештини , да споделат добри практики за справување со негативните последици што произлегуваат од рестриктивните
применети мерки за справување со кризата КОВИД-19, да ги подобрат личните вештини, јазичните, социјалните и комуникациските. Потоа, да споделуваат европски вредности, да ја разберат културната разновидност и да се запознаат со сите можности кои ги нуди Еразмус + програмата.
Нивните искуства по обуката тие ќе ги споделат и со останатите членови на РЦЗ кој оваа година е партнерска организација на два проекти финансирани преку Еразмус програмата.


