РЦЗ започна со имплементација на нов проект „Запознај ја Брегалница“
„Запознај ја Брегалница“ е новиот проект за кој што РЦЗ Делчево обезбеди финансиска поддршка ф од Швајцарската конфедерација преку програмата за зачувување на природата во Македонија која се имплементира од страна на Helvetas Swiss Intercooperation – Швајцарија и Фармахем ДООЕЛ-Скопје а во партнерство со Општина Делчево.
Проектот ќе се спроведува следните седум месеци а планирани се активности со кои ќе се изгради 500 метри долга патека долж течениоето ан река Бреагалница во централното градско подрачјена Делчево. Патеката ќе биде изградена од природен декоративен камен и ќе го носи името „патека на биодиверзитетот“ бидејќи покрај патеката е планирано и изградба на летна училницамал трибински простор на макси коритото, дваесет информативни табли на кои што табли ќе бидат застапени видови од флората и фауната карактеристични за река Брегалница во општина Делчево.
Резултатите од овој проект ќе бидат видливи и корисни за граѓаните на општина Делчево посебно за образовните институции кои ќе имаат можност на лице место ина отворен простор да ја подигаат свеста кај учениците за зачувување на животната средина и практично запознавање со видовите кои живеат во реката Брегалница.
Прв јавен состанок на засегнати страни
ПОКАНА
ПРВ ЈАВЕН СОБИР ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
ВО ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Почитуван/а/и,
Здружението Регионален Центар за Застапување од Делчево заеднички во партнерство со Општина Делчево, добивме можност да бидеме помеѓу првите општини во Македонија кои ќе изготвуваат Локална стратегија за климатски промени. Активностите за изготвување на ваквата стратегија се поддржани од проектот на УСАИД “Општински стратегии за климатски промени“ кој се спроведува од страна на Милиеуконтакт Македонија.
За изготвување на стратегијата за климатски промени во нашата општина ќе се користи методологијата на “ЗеленатаАгенда“која е развиена од страна на Милиеуконтакт Македонија и досега се има спроведено во 40 општини во Источна Европа на теми поврзани со заштитата на природата, културата и животната средина.
Ни претставува посебнозадоволствои честдаВепоканимеи Вие даприсуствувате на Првиот јавен состанокна засегнатистрани кој ќесеодржи на 23.09.2015 година ( среда) во Спомен домот АСНОМ, со почеток во 13.00 ч,
Целите на состанокотсе:
· Презентирање на проектот на УСАИД за “Општински стратегии за климатски промени“
· Презентирање на методологијата на Зелена Агенда за изготвување на стратегии за климатски промени
· Презентирање резултатите од неодамнешната спроведена анкета за утврдување на вредностите на граѓаните на општина Делчево
· Формирање на работни групи кои ќе ја изготвуваат стратегијата за климатски промени и ќе развиваат проекти
На овој Прв состанок учество ќе земат учество Директорот на Канцеларијата на Milieukontakt International во Македонија г-дин Игор Славкоски, претставник од УСАИД, Градоначалникот на ОпштинаДелчево г-дин Дарко Шехтански,
Особено е важнодаземетеактивноучество и својпридонесвопроцесотбидејќитојќегипоставииднитеразвојнистратегии на нашата заедница и ќедаденасоки за справување со климатските промени во нашата општина.
Со почит,
Валерија Соколова
Локален координатор
Прв младински камп за климатски промени
Во рамките на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, Милиеуконтакт Македонија во периодот од 21-27.08 2015 година беше организиран Младински летен камп посветен на климатските промени. Кампот се одржа во Извидничкиот центар “Крсте Јон” во Струга.
На кампот учествуваа млади лица на возраст од 15 до 17 години од десетте општини во Македонија каде што се спроведува проектот – Теарце, Богданци, Кривогаштани, Пехчево, Боговиње, Виница, Студеничани, Маврово и Ростуша, Прилеп и Делчево.
Кампот е дел од кампањата за подигање на свеста на граѓаните за климатските промени, за нивното значење, нивните последици и како да се заштитиме од нив. Целта на кампот беше младите лица да се запознаат со актуелниот проблем на денешницата – климатските промени, кои не ја одминуваат ни територијата на нашата земја.
Учесниците на овој камп беа првите млади лидери во своите општини што ќе го пренесат стекнатото знаење и искуство на своите сограѓани и другари, а со тоа ќе ја зголемат свесноста за начините на справување со промените што ни се случуваат секој ден и се сé повидливи а последиците се поголеми.
Кампот имаше образовно-забавен карактер. Во текот на седумте дена од одржувањето на кампот се одржаа различни активности и содржини кои имаат за цел активно вклучување на младите како и поттикнување на креативно размислување во правец на конкретните проблеми со климата со кои веќе се соочуваме. Содржините и активностите беа распоредени во текот на денот преку конкретната тематска зададеност и предадени преку теории и дискусии, конкретни активности, забавни и едукативни игри, презентирање на играни и документарни филмови на тема климатски промени и секако простор за плажа и слободни активности во градот Струга.
Спроведена обука за Енергетска ефикасност - сончева енергија
Енергетски ефикасно училиште
Партнерски проект помеѓу Регионален Центар за Застапување, ООУ “Ванчо Прќе” и општина Делчево
На ден 22.06.2015 се одржаеднодневна обука на тема Енергетска ефикасност – сончева енергија, во рамките на проектот “Енергетски ефикасно училиште”, финансиран од Швајцарската конфедерација преку програмата за зачувување на природата во Македонија која се имплементира од страна на Helvetas Swiss Intercooperation – Швајцарија и Фармахем дооел-Скопје.
Цели на проектот:
n Преземање на енергетско ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасови
n Добивање на топла вода за одржување на хигиената во училиштето и топла вода за лична хигиена на учениците пред се оние кои ја користат спортската сала за спорт и рекреација
n Промоција на енергетската ефикасност и промоција на проектните активности преку подготовка на промотивни материјали
Еднодневната обука на тема енергетска ефикасност – сончева енергија е една од предвиденнте активностите во проектот, и беше наменета за вработените во училиштето, родители на ученици кои учат во училиштето и членови на Регионалниот Центар за Застапување, со цел да се информираат повеќе за сончевата енергија и нејзиното искористување во различни индустрии и домакинствата.
На обуката учество земаа околу 30 учесника од релевантните институции.
Обуката заврши во 13.30 часот.
Втора меѓународна конференција за Зелена Агенда
Во понеделник, 8 Јуни, во 11 часот во Хотел Инекс Горица во Охрид, Амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли, заедно со Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, ќе ја отворат втората меѓународна Конференција за климатски промени. Тридневната конференција (8-10 Јуни 2015г.) е организирана од Проектот на УСАИД за Oпштински стратегии за климатски промени, спроведуван од страна на Милиеуконтакт Македонија.
Повеќе од 100 претставници на граѓански организации и општини од Југоисточна Европа (Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора), САД и Холандија, како и официјални претставници на УНДП, УНЕП, УНЕСКО и други дипломатски мисии во Македонија се очекува да присуствуваат на Конференцијата. Академски професори и истражувачи во областа на природните науки, шумарство, земјоделство и градежништвото, парламентарци, претставници од Националната Агенција за енергетика, Центарот за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Управа за хидро-метеоролошки работи, претставници од министерствата и од локалната самоуправа се исто така поканети да учествуваат на Конференцијата.
Втората меѓународна Конференција за климатски промени ќе ги охрабри напорите за соработка во решавањето на климатските промени, ќе поттикне размена на најдобри практики, и ќе ја промовира на употребата на методологијата Зелената агенда како уникатен локализиран пристап на проектот и ефикасен начин да се одговори на климатските промени.
Проектот на УСАИД за Oпштински стратегии за климатски промени, спроведуван од страна на Милиеуконтакт Македонија (МКМ), е четиригодишна иницијатива која ги подготвува општините да се справуваат со локалните предизвици предизвикани од климатските промени. Користејќи го иновативниот метод наречен Зелена Агенда, проектот ги спојува заедно граѓанските организации, граѓаните и општинските тела за да развијат акциони планови засновани на консензус кои се однесуваат на специфичните прашања за климатските промени со кои се соочуваат нивните заедници и со цел да работат кон ублажување на нивните ефекти. Проектот го зајакнува граѓанското општество со стимулирање на граѓански активизам. Активностите се фокусирани на осум општини: Пехчево, Теарце, Богданци, Кривогаштани, Маврово/Ростуше, Боговиње, Студеничани и Виница. Оваа година, активностите ќе бидат проширени на уште две општини: Делчево и Прилеп. Американскиот народ, преку Проектот на УСАИД за подготовка на општински стратегии за справување со климатските промени, ќе инвестира 3,080,000 долари за различни активности во избраните општини. Времетраењето на проектот е 48 месеци, а се имплементира во периодот помеѓу 2012 и 2016 година.
Превземено од web страната на Milieukontact Macedonia