ОДРЖАНА ПРВАТА ДВОДНЕВНА СРЕДБА НАМЕНЕТА ЗА ЦЕЛНИТЕ ГРУПИ ВО ПРОЕКТОТ

Во рамките на проектот „Ефективен тим како фактор за развој на локалната демократија и социјална кохезија помеѓу Република Македонија и Република Бугарија“ на 28 и 29 мај во зимскиот рекреативен центар Голак кај Делчево, Регионалниот центар за застапување од  Делчево во соработка со партнерската организација Стопанска комора за Индустрија од Благоевград ја реализираа првата дводневна средба наменета за целните групи во проектот.

На срдбата присуствуваа претставници од локалните самоуправи, општинските совети, здруженија и бизнис секторот од Делчево и Благоевград.

Цел на дводневната средба беше вмрежување на заинтересираните страни, размена на искуства и тренинг на тема социјална кохезија преку обработка на теми за тимска работа и менаџирањ со човечки ресурси.

Заедничките тимови од Делчево и Благоевград покрај искуствата имаа можност да дискутираат и за потребите , проблемите  и можностите кои ги нудат .

Од целокупниот настан произлегоа заклучоци и препораки кои ке бидат испратени до донаторот и локалните самоуправи на Делчево и Благоевгра.

 

Целокупните активности се финансирани од ЕУ од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.