Започна поставувањето на сончевиот колекторски систем во ООУ Ванчо Прќе

Во рамките на проектот Енергетски ефикасно училиштеспроведуван од Регионален центар за застапување Делчево во партнерство со ООУ Ванчо Прќе Делчево, по спроведената тендерска постапка за набавка на сончеви колектори,  започна и нивно монтирање. Ќе се монтираат  6 +1 сончеви колектори, кои што на ООУ Ванчо Прќе ќе му овозможат  добивање на топла вода за одржување на хигиената во училиштето и топла вода за лична хигиена на учениците пред се оние кои ја користат спортската сала за спорт и рекреација .

 Проектот е финансиран од Швајцарската конфедерација преку Програмата за зачувување на природата во Македонија која се имплементира од страна на Helvetas Swiss Intercooperation – Швајцарија и Фармахем дооел-Скопје