Спроведена обука за ЕУ пакетот 2020 за клима и енергија на локално ниво

На 24 и 25 септември 2016г.  беше спроведена обука за ЕУ пакетот 2020 за клима и енергија на локално ниво.

Обуката е дел од проектот Зајакнати граѓански организации за партиципативно транспонирање и спроведување на ЕУ 2020 пакетот за енергија и клима.

 

Во текот на овие два дена  беа презентирани клулчните елемнети на ЕУ пакетот 2020 од национален и локален интерес, се разгледуваа можностите за примена и добри пракси, како и можностите за финансирање на пакетот ЕУ 2020.

Во текот на вториот ден се формираа работни групи кои практично работеа на развивање концепти, на примери од локалната стратегија за климатски промени.

На обуката учество земаа претставници од невладин сектор, бизнис секторот, претставници од јавни институции и ЕЛС Делечво.

 

Обуката беше водена од експерт - предавач д-р Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, ментор на РЦЗ Делчево и фасилитатор на обуката м-р Мартин Мартиноски.

 

Проектор се имплементира од Милиеуконтакт Македонија, КОЦКА  и ФРОНТ 21/41, а е финансиран од Европска унија.