Регионална конференција на Erasmus+ на Западен Балкан

На конференцијата која беше одржана во Атина на 17 – 18 јануари,  се состанаа 250  учесника од  високото образование , училиштата и млади учесници,со цел  да се запознаат со најновите можности за соработка во програмата  Еразмус +. Оваа програма  вклучува градење на капацитетите,  проекти, мобилност на повисоко ниво на образование , електронски збратимување на училишта во основното и средното образование и поддршка на младински активности.

 Конференцијата  беше емитувана во живо на  веб,  со цел,  поголема интероперативност во Западниот  Балкан и пошироко, а имаше  и превод на јазиците кои се зборуват  во регионот, како и на грчки и англиски јазик.

 120 од учесници на високото образование беа  главно универзитетски професори, ректори и некои официјални претставници на Министерството , вклучувајќи го и државниот секретар од Србија, заменик министерот од Албанија и три помошниминистри на Босна и Херцеговина. Други  заинтересирани страни, кои зедоа учество наконференцијата беа учесници од   60 училишта, пред се наставници и директори, и 60 младински чинители од регионот . НВО Регионален Центар за Застапување - Делчево, исто така беше поканета и учествуваше на конференцијата со свој претсавник. Приоритет во поканувањето беше даден на  оние со помало  претходно искуство во програмите  на ЕУ и на оние кои се надвор од метрополите. Сепак, беа вклучени и оние со успешни проекти , со цел, да ги споделат своите искуства.