ИНФО ДЕН НА ПРОГРАМАТА „МЛАДИ ВО АКЦИЈА“

   Регионалниот центар за застаување/РЦЗ продулжува со презентациите на програмата „Млади во Акција“ Oвој пат промоција на Програмата „Млади во Акција’се одржа во СОУ „Ацо Русковски„- дисперзирани паралелки во Општина Пехчево. На наше огромно задоволство заинтересираноста на средносколците од трета и четврта година за оваа програма беше огромна. Тоа беше убава можност младите од Општина Пехчево да се запознаат со можностите што ги нуди оваа програма.

Со наша креативност до чиста околина


Дебатниот Младински Клиб кој веке повеќе години е дел од фукнционирањето на Регионалниот Центар за Застапување – Делчево, во рамки на својата соработка  со МОФ подготвува локална инициатива на тема „Со нашата креативност до чиста околина“, финансирана од страна на USAID-Македонија.

Вашите сограѓани иницијатори на овој настан Ве покануваат да земете и вие дел од оваа иницијативаа, покажувајќи го вашиот интерес за животната средина а секако на креативен начин.

ДОЈДЕТЕ ДА СЕ ЗАБАВУВАМЕ, НАТПРЕВАРУВАМЕ, НАГРАДУВАМЕ

И ДА, СЕТО ТОА ГО ПРЕПУШТАМЕ НА ВАШИОТ КРЕАТИВЕН ДУХ

Се што треба да направите е да не посетите во гратскиот парк во Сабота 24. 11 а таму сме од 12:00 до 17:00, да понесете со вас рециклирачки материјал, ведар дух и задулзително КРЕАТИВНОСТ и МНОГУ ЉУБОВ ЗА СВОЈАТА ОКОЛИНА.

 

Се гледаме во Сабота

Делчево не САКА го САКАМЕ и НИЕ!

Соопштение за одржување на Инфо ден

Регионалниот Центар за Застапување – Делчево како Инфо Точка на Националнатра Агенција на ден 12.09 2012 ( среда) во 14:30 ч. Во СОУМ.М.Брицо”- Делчево организира втор инфо ден за програмата Млади во Акција. Поканети се сите заинтересирани лица!

Поздрав од Тимот на РЦЗ-Делчeво

РЦЗ Делчево една од осумте инфо точки на програмата „Млади во акција“

Регионалниот центар за застапување - Делчево од месец Август ја доби можноста да биде една од предвидените осум (8) Контакт точки во Република Македонија за програмата Млади во акција. Договорот е потпишан со Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност. Во рамките на овој проект во нашиот град ќе бидат рализирани 3 настани за презентација и промоција на програмата Млади во акција. Покрај јавните настани каде што ќе може граѓаните да се информираат за работата на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност и програмата Млади во акција, секој работен ден од 12:00 – 14:00 часот просториите на Регионалниот центар за застапување ќе бидат отворени за информации поврзани со оваа проблематика.

Првиот настан официјално е закажан на 24. 08. (петок) 2012 год. Сите заинтересирани може да дојдат во просториите на ХОТЕЛ МАКЕДОНИЈА од 12 часот. 

Во с.Тработивиште, општина Делчево се реализира проектот „Преку енергетска ефикасност до ефикасна локална заедница“

Превземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасовикако главна цел е спроведувањето на проектот под мотото „Преку енергетска ефикасност до ефикасна локална заедница“.

 Како проектни активности се предвидуваат:

-          Подготовка, публикување и дистрибуција на печатен и електронски едукативен материјал на македонски и англиски јазик (1000 прирачници за локалната заедница и пошироко, 1000 налепници)

-          Двеобуказа волонтери за примена на техниките на енергетска ефикасност

-          Поставување на 1200 метри канали од бетон ф500мм за канализирање на водата од р.Желевица до динамото за производство на електрична енергија

-          Поставување на 40 енергетско-ефикасни канделабри за улично осветлување.

-          Медиумска промоција на активностите на проектот преку средствата за јавно информирање

Проектната активност започнаа од февруари 2012и ќе трае до крајот на јануари 2013 година.

Координатор на активностите и имплементатор на проектот е Регионалниот центар за застапување од Делчево, а партнер е општина Делчево. Целокупните проектни активности се финансирани од ГЕФ ПМГ и општина Делчево.

Вредноста на проектот изнесува 57932американски долари.

 

Дополнителни информации за проектот можат да се добијат кај координаторот на проектот Тони Стоименовски на телефон 078/201794 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , и на www.rcz.delcevo.org.mk

Повеќе информации за ГЕФ ПМГ може да се најдат наwww.gefsgpmacedonia.org.mkи наhttp://sgp.undp.org