Анализа на стртатешки документи за Енергетска ефикасност на општините Делчево и Пехчево

 

Регионалниот центар за застапување Делчево и здружението „Амброзија“ од Пехчево ја започнаа анализата на исполнетоста на програмите за енергетска ефикасност. Проектот кој е финансиран од ЕУ, а имплементиран на национално ниво од неколку поголеми организации во Македонија има неколку цели меѓу кои и ревизија на имплементацијата на енергетско-ефикасните програми како и информирање на граѓаните за можностите што ги нудат енергетско-ефикасните мерки.

-Ова е проект кој е финансиран од ЕУ, имплементиран на национално ниво од Милиеуконтакт Македонија, Коцка и Фронт три поголеми организации, на регионално ниво се имплемтира од здруженијата „Амброзија“ од Пехчево и РЦЗ Делчево во соработка со општините Делчево и Пехчево.Во моментот се прави анализа на исполнетост на програмите за енергетска ефикасност, со целните групи односно претставници од локалните институции од Делчево и Пехчево, за да видиме колку се имплементирани тие програми и колку објекти се поврзани со енергетската ефикасност односно колкав е процентот на енергетско ефикасни мерки во објектите кои се преземени во делот на јавниот сектор и во делот на јавното осветлување во Делчево. Покрај ова во рамки на проектот е предвидено спроведување на поширока кампања во регионот за преземање на енергетско-ефикасни мерки и во изминатите два месеци се спроведуваше една по обемна анкета на околу 1000 испитаници за преземени енергетско-ефикасни мерки во приватниот сектор односно во своите домови.

Повеќе: Анализа на стртатешки документи за Енергетска ефикасност на општините Делчево и Пехчево

Спроведена обука за ЕУ пакетот 2020 за клима и енергија на локално ниво

На 24 и 25 септември 2016г.  беше спроведена обука за ЕУ пакетот 2020 за клима и енергија на локално ниво.

Обуката е дел од проектот Зајакнати граѓански организации за партиципативно транспонирање и спроведување на ЕУ 2020 пакетот за енергија и клима.

 

Во текот на овие два дена  беа презентирани клулчните елемнети на ЕУ пакетот 2020 од национален и локален интерес, се разгледуваа можностите за примена и добри пракси, како и можностите за финансирање на пакетот ЕУ 2020.

Во текот на вториот ден се формираа работни групи кои практично работеа на развивање концепти, на примери од локалната стратегија за климатски промени.

На обуката учество земаа претставници од невладин сектор, бизнис секторот, претставници од јавни институции и ЕЛС Делечво.

 

Обуката беше водена од експерт - предавач д-р Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, ментор на РЦЗ Делчево и фасилитатор на обуката м-р Мартин Мартиноски.

 

Проектор се имплементира од Милиеуконтакт Македонија, КОЦКА  и ФРОНТ 21/41, а е финансиран од Европска унија.

Мониторинг средба "Општински стратегии за климатски промени"

На 11.05.2016г. со почеток во 14 часот во просториите на Регионалниот Центар за Застапување Делчево се одржа мониторинг средба со членови на работните групи кои беа дел од проектот Општински стратегии за климатски проемни и надворешни експерти од Холандија и Македонија.

  

На средбата се разговараше за досегашната работа и процесот на имплементација на проектните активности.

 

Проектот е спроведуван од Милиеуконтакт Македонија во соработка со Регионален центар за застапување Делечво во партнерство со Општина Делечво. Проектот е финансиран од УСАИД.

Одржанa заедничка работилница за Мониторинг процес (методологија на Зелена Агенда) во Прилеп

Во периодот од 11 до 13 декември 2015 година, во хотелот Кристал Палас во Прилеп, се одржа работилница со претставници на организации и општини што учествуваат во вториот и третиот круг на реализација на активности во рамките на Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени.  На работилницата, членовите на мониторинг групите од вториот циклус на општини работеа на финализирање на мониторинг плановите за следење на реализација на приоритетите од општинските стратегии за климатски промени. Учесниците од третиот циклус на општини ги презентираа реализираните чекори од методологијата на Зелена Агенда и работеа на планирање на следни чекори и активности за креирање на локални стратегии за климатски промени.

На работилницата активно се вклучија и тројца членови од РЦЗ Делчево како имплементатор на процесот за изработка на стратегија за климатски промени на општина Делчево.

На работилницата  имаше  можност да ги слушнат искуствата на општините кои веќе го поминаа процесот за изработка на стратегии за климатски промени и да се разменат искуства и добри практики од спроведениот процес.

На заедничката работилница присуствуваа и извршниот директор на Милиеуконтакт Македонија, Игор Славкоски, координаторот на процесот Зелена агенда, Маја Марковска, како и тренерите од Милиеуконтакт Македонија, Столе Георгиев и Саво Ашталкоски.

 

 

Започна поставувањето на сончевиот колекторски систем во ООУ Ванчо Прќе

Во рамките на проектот Енергетски ефикасно училиштеспроведуван од Регионален центар за застапување Делчево во партнерство со ООУ Ванчо Прќе Делчево, по спроведената тендерска постапка за набавка на сончеви колектори,  започна и нивно монтирање. Ќе се монтираат  6 +1 сончеви колектори, кои што на ООУ Ванчо Прќе ќе му овозможат  добивање на топла вода за одржување на хигиената во училиштето и топла вода за лична хигиена на учениците пред се оние кои ја користат спортската сала за спорт и рекреација .

 Проектот е финансиран од Швајцарската конфедерација преку Програмата за зачувување на природата во Македонија која се имплементира од страна на Helvetas Swiss Intercooperation – Швајцарија и Фармахем дооел-Скопје