Мониторинг средба "Општински стратегии за климатски промени"

На 11.05.2016г. со почеток во 14 часот во просториите на Регионалниот Центар за Застапување Делчево се одржа мониторинг средба со членови на работните групи кои беа дел од проектот Општински стратегии за климатски проемни и надворешни експерти од Холандија и Македонија.

  

На средбата се разговараше за досегашната работа и процесот на имплементација на проектните активности.

 

Проектот е спроведуван од Милиеуконтакт Македонија во соработка со Регионален центар за застапување Делечво во партнерство со Општина Делечво. Проектот е финансиран од УСАИД.

Проект на УСАИД за општински стратегии за климатски промени во Општина Делчево ги спроведува проектните активности

На 03.02.2016г. од 12 часот во просториите на Регионалниот центар за застапување Делчево, се одржа работен состанок со формираните четири групи, кои што работат во процесот на изготвување на општинска стратегија за климатски промени. Работните состаноци се одржуваат како дел од планот на активности во рамките на проектот Општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија во соработка со Регионалниот центар за застапување во партнерство со Општина Делечво, финансиран од УСАИД.

Досега се одржани 11 состаноци на кои што се формирани 4 групи, и истите работат на определување на функции на вредности во општината, утврдување на климатските трендови/тенденции, се правеше анализа на влијанијата на климатските промени врз функцијата, се оценување моменталниот адаптивен капацитет кон климатските промени, потоа се утврдуваа проблемите предизвикани од климатските промени, се дефинираше визијата за одржлив развој а според визијата се утврдуваа и мерки за адаптација кон климатските промени. На последнит состанок работните групи направија утврдување и приоритизирање на мерки за митигација на климатските промени.

Целта на овие состаноци е од приоритизираните мерките да се развие предлог проект за две интервентни акции кои што ќе бидат имплементирани со буџет од 20 000,00 и 120 000,00 долари, со 50% финансиско учество на Општина Делчево и 50% финансиран од УСАИД. Овие концепти се во процес на изготвување и се очекува помалата интервентна акција да се имплементира до месец мај, а поголемата интервентна акција да биде завршена до месец септември 2016г. И втората цел на проектот е да се развие 3 годишен акционен план за климатски промени во Општина Делечво. 

РЦЗ започна со имплементација на нов проект „Запознај ја Брегалница“

„Запознај ја Брегалница“ е новиот проект за кој што РЦЗ Делчево обезбеди финансиска поддршка ф од Швајцарската конфедерација преку програмата за зачувување на природата во Македонија која се имплементира од страна на Helvetas Swiss Intercooperation – Швајцарија и Фармахем ДООЕЛ-Скопје а во партнерство со Општина Делчево.

Проектот ќе се спроведува следните седум месеци а планирани се активности со кои ќе се изгради 500 метри долга патека долж течениоето ан река Бреагалница во централното градско подрачјена Делчево. Патеката ќе биде изградена од природен декоративен камен и ќе го носи името „патека на биодиверзитетот“ бидејќи покрај патеката е планирано и изградба на летна училницамал трибински простор на макси коритото, дваесет информативни табли на кои што табли ќе бидат застапени видови од флората и фауната карактеристични за река Брегалница во општина Делчево.

 

Резултатите од овој проект ќе бидат видливи и корисни за граѓаните на општина Делчево посебно за образовните институции кои ќе имаат можност на лице место ина отворен простор да ја подигаат свеста кај учениците за зачувување на животната средина и практично запознавање со видовите кои живеат во реката Брегалница.

Прв јавен состанок на засегнати страни

ПОКАНА

ПРВ ЈАВЕН СОБИР ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

ВО ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Почитуван/а/и,

Здружението Регионален Центар за Застапување од Делчево заеднички во партнерство со Општина Делчево, добивме можност да бидеме помеѓу првите општини во Македонија кои ќе изготвуваат Локална стратегија за климатски промени. Активностите за изготвување на ваквата стратегија се поддржани од проектот на УСАИД “Општински стратегии за климатски промени“ кој се спроведува од страна на  Милиеуконтакт Македонија.

За изготвување на стратегијата за климатски промени во нашата општина ќе се користи методологијата на “ЗеленатаАгенда“која е развиена од страна на Милиеуконтакт Македонија и досега се има спроведено во 40 општини во Источна Европа на теми поврзани со заштитата на природата, културата и животната средина.

Ни претставува посебнозадоволствои честдаВепоканимеи Вие даприсуствувате на Првиот јавен состанокна засегнатистрани кој ќесеодржи на 23.09.2015 година ( среда) во Спомен домот АСНОМ,  со почеток во 13.00 ч,

Целите на состанокотсе:

·         Презентирање на проектот на УСАИД за “Општински стратегии за климатски промени“

·         Презентирање на методологијата на Зелена Агенда за изготвување на стратегии за климатски промени

·         Презентирање резултатите од неодамнешната спроведена анкета за утврдување на вредностите на граѓаните на општина Делчево

·         Формирање на работни групи кои ќе ја изготвуваат стратегијата за климатски промени и ќе развиваат проекти

На овој Прв состанок учество ќе земат учество Директорот на  Канцеларијата на Milieukontakt International во Македонија г-дин Игор Славкоски, претставник од УСАИД, Градоначалникот на ОпштинаДелчево г-дин Дарко Шехтански,

 

Особено е важнодаземетеактивноучество и својпридонесвопроцесотбидејќитојќегипоставииднитеразвојнистратегии на нашата заедница и ќедаденасоки за справување со климатските промени во нашата општина.

 Со почит,

 Валерија Соколова

Локален координатор 

Прв младински камп за климатски промени

Во рамките на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, Милиеуконтакт Македонија во периодот од 21-27.08 2015 година беше организиран Младински летен камп посветен на климатските промени. Кампот се одржа во Извидничкиот центар Крсте Јон во Струга.

На кампот учествуваа млади лица на возраст од 15 до 17 години од десетте општини во Македонија каде што се спроведува проектот – Теарце, Богданци, Кривогаштани, Пехчево, Боговиње, Виница, Студеничани, Маврово и Ростуша, Прилеп и Делчево.

   

Кампот е дел од кампањата за подигање на свеста на граѓаните за климатските промени, за нивното значење, нивните последици и како да се заштитиме од нив. Целта на кампот беше младите лица да се запознаат со актуелниот проблем на денешницата – климатските промени, кои не ја одминуваат ни територијата на нашата земја.

Учесниците на овој камп беа првите млади лидери во своите општини што ќе го пренесат стекнатото знаење и искуство на своите сограѓани и другари, а со тоа ќе ја зголемат свесноста за начините на справување со промените што ни се случуваат секој ден и се сé повидливи а последиците се поголеми.

  

 

Кампот имаше образовно-забавен карактер. Во текот на седумте дена од одржувањето на кампот се одржаа различни активности и содржини кои имаат за цел активно вклучување на младите како и поттикнување на креативно размислување во правец на конкретните проблеми со климата со кои веќе се соочуваме. Содржините и активностите беа распоредени во текот на денот преку конкретната тематска зададеност и предадени преку теории и дискусии, конкретни активности, забавни и едукативни игри, презентирање на играни и документарни филмови на тема климатски промени и секако простор за плажа и слободни активности во градот Струга. 

Спроведена обука за Енергетска ефикасност - сончева енергија

                                                                               

Енергетски ефикасно училиште

 

Партнерски проект помеѓу Регионален Центар за Застапување, ООУ Ванчо Прќе и општина Делчево


На ден 22.06.2015 се одржаеднодневна обука на тема Енергетска ефикасност – сончева енергија,  во рамките на проектот “Енергетски ефикасно училиште, финансиран од Швајцарската конфедерација преку програмата за зачувување на природата во Македонија која се имплементира од страна на Helvetas Swiss Intercooperation – Швајцарија и Фармахем дооел-Скопје.

        

Цели на проектот:

n  Преземање на енергетско ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасови

n  Добивање на топла вода за одржување на хигиената во училиштето и топла вода за лична хигиена на учениците пред се оние кои ја користат спортската сала за спорт и рекреација

n  Промоција на енергетската ефикасност и промоција на проектните активности преку подготовка  на промотивни материјали

Еднодневната обука на тема енергетска ефикасност – сончева енергија е една од  предвиденнте активностите во проектот, и беше наменета за вработените во училиштето, родители на ученици кои учат во училиштето и членови на Регионалниот Центар за Застапување, со цел да се информираат повеќе за сончевата енергија и нејзиното искористување во различни индустрии и домакинствата.


 На обуката учество земаа околу 30 учесника од релевантните институции.

 Обуката заврши во 13.30 часот.

 

 

 

 

Избрани две нови општини за имплементација на Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени

Делчево и Прилеп се општините кои ќе учествуваат во активностите на Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, односно во развивање на локални Стратегии за справување со климатските промени.

Регионалниот центар за застапување заедно со општина Делчево и Центарот за граѓанска иницијатива заедно со општина Прилеп, ги исполнија сите зададени критериуми од Повикот за здруженија на граѓани и општини кој беше објавен од страна на Милиеуконтакт Македонија, и со тоа се избрани за учество во активностите на Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, односно за учество во развивање на локални Стратегии за справување со климатските промени.

На Повикот пристигнаа седум апликации. Тим од Проектот на УСАИД ги посети сите општини и здруженија кои влегоа во потесниот избор за да ја оцени нивната погодност за учество во проектот. По изборот на партнерски здруженија и општини, Милеуконтакт Македонија ќе организира состанок со избраните здруженија и општини на кој ќе бидат образложени активностите, задолженијата, задачите, како и насоките и чекорите за спроведување на процесот на подготовка на општински стратегии за справување со климатските промени преку методологијата Зелена агенда.

Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија се залага за развој на одржливо општество преку развивање на силно и демократско, граѓански организирано еколошко движење во Македонија.

Проектот на УСАИД за Општински стратегии за справување со климатските промени, спроведуван од страна на Милиеуконтакт Македонија, е четиригодишна иницијатива која ги подготвува општините да се справуваат со локалните предизвици предизвикани од климатските промени. Користејќи го иновативниот метод наречен Зелена Агенда, проектот ги спојува заедно граѓанските организации, граѓаните и општинските тела за да развијат акциони планови засновани на консензус кои се однесуваат на специфичните прашања за климатските промени со кои се соочуваат нивните заедници и со цел да работат кон ублажување на нивните ефекти. Проектот го зајакнува граѓанското општество со стимулирање на граѓански активизам. Активностите се фокусирани на осум општини: Пехчево, Теарце, Богданци, Кривогаштани, Маврово/Ростуше, Боговиње, Студеничани и Виница. Со овој избор, активностите се проширени на уште две општини: Делчево и Прилеп. Американскиот народ, преку Проектот на УСАИД за подготовка на општински стратегии за справување со климатските промени, ќе инвестира 3,090,000 долари за различни активности во избраните општини. Времетраењето на проектот е 48 месеци, а се имплементира во периодот помеѓу 2012 и 2016 година.

Превземено од web страната на Milieukontact Macedonia

Втора меѓународна конференција за Зелена Агенда

Во понеделник, 8 Јуни, во 11 часот во Хотел Инекс Горица во Охрид, Амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли, заедно со Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, ќе ја отворат втората меѓународна Конференција за климатски промени. Тридневната конференција (8-10 Јуни 2015г.) е организирана од Проектот на УСАИД за Oпштински стратегии за климатски промени, спроведуван од страна на Милиеуконтакт Македонија.

Повеќе од 100 претставници на граѓански организации и општини од Југоисточна Европа (Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора), САД и Холандија, како и официјални претставници на УНДП, УНЕП, УНЕСКО и други дипломатски мисии во Македонија се очекува да присуствуваат на Конференцијата. Академски професори и истражувачи во областа на природните науки, шумарство, земјоделство и градежништвото, парламентарци, претставници од Националната Агенција за енергетика, Центарот за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Управа за хидро-метеоролошки работи, претставници од министерствата и од локалната самоуправа се исто така поканети да учествуваат на Конференцијата.

 

Втората меѓународна Конференција за климатски промени ќе ги охрабри напорите за соработка во решавањето на климатските промени, ќе поттикне размена на најдобри практики, и ќе ја промовира на употребата на методологијата Зелената агенда како уникатен локализиран пристап на проектот и ефикасен начин да се одговори на климатските промени.

 

Проектот на УСАИД за Oпштински стратегии за климатски промени, спроведуван од страна на Милиеуконтакт Македонија (МКМ), е четиригодишна иницијатива која ги подготвува општините да се справуваат со локалните предизвици предизвикани од климатските промени. Користејќи го иновативниот метод наречен Зелена Агенда, проектот ги спојува заедно граѓанските организации, граѓаните и општинските тела за да развијат акциони планови засновани на консензус кои се однесуваат на специфичните прашања за климатските промени со кои се соочуваат нивните заедници и со цел да работат кон ублажување на нивните ефекти. Проектот го зајакнува граѓанското општество со стимулирање на граѓански активизам. Активностите се фокусирани на осум општини: Пехчево, Теарце, Богданци, Кривогаштани, Маврово/Ростуше, Боговиње, Студеничани и Виница. Оваа година, активностите ќе бидат проширени на уште две општини: Делчево и Прилеп. Американскиот народ, преку Проектот на УСАИД за подготовка на општински стратегии за справување со климатските промени, ќе инвестира 3,080,000 долари за различни активности во избраните општини. Времетраењето на проектот е 48 месеци, а се имплементира во периодот помеѓу 2012 и 2016 година.

Превземено од web страната на Milieukontact Macedonia

ПРОМОЦИЈА НА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ ДЕЛЧЕВО

Преку промотивен јавен настан, Локалниот младински совет на Делчево го промовираше неговото основање и ја информираше јавноста за работата на младинскиот совет  во Општина Делечво

     

Јавен настан: Промоција на локален младински совет Делчево

На 29ти мај, со почеток во 13 часот се одржа третиот јавен настан  „Промоција на локален младински совет Делчево“ преку кој локалниот младински совет го промовираше својата работа. Оваа акција е дел од проектот на Младински образовен форум и Центарот за интеркултурен дијалог „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“, финансиран од Европска

 
На
 промотивниот настан кој беше во организација на Локалниот младински совет Делчево, се делеа промотивни материјали, а членовите на младинскиот совет беа присутни за време на настанот обезбедувајќи им на заинтерсираните граѓани подетални информации околу работата на младинскиот совет.


Целта на настанот
беше граѓаните, а особено младите, да се информираат за работата на младинскиот совет и дека во општината веќе постои тело кое што ќе работи и ќе ги застапува младите во нивните интереси и ќе ги позиционира како релевантен фактор во процесите на донесување на одлуки кои ги засегаат и  промовирајќи го  Локалниот младински совет во Делчево како релевантен чинител за младите во Делчево, кој ке е одговорен за застапување на младинските интереси.
      

Промотивниот настан беше посетен од над 80 млади и други заинтересирани граѓни, кои што дадоа поддршка на веќе основаниот младински совет и беа позитивно изненадени, бидејќи младинското здружување е во процес на издигнување, како и видно зголемена јавна свест кај младите за нивната состојба.

Настанот се затвори во 15 часот.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (Регионална ИПА програма).

Со почит,

 

Локален младински совет Делчево

LEADER фест Делчево 2015


 

LEADER фест Делчево 2015“

 

Партнерски проект помеѓу Регионален Центар за застапување Делчево и Здружение Центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија Пехчево

 

 

ПОКАНА

 

Задоволство ни е да Ве поканиме на тридневниот прв во Р.Македонија“LEADER фест Делчево 2015”, кој што е во организација на Регионалниот Центар за Застапување Делчево, во рамките на проектот “LEADER фест 2015”. Оваа иницијатива е поддржана од проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, имплементиран од Мрежата за рурален развој на Република Македонија.

Место: Спомен дом АСНОМ, Централно градско подрачјена Делчево

Дата: 02-04.07.2015

Време на започнување: 16.30 часот 02.07.2015

Време на завршувње: 14.00 часот, 04.05.2015

 

ЛИДЕР пристапот е една од клучните алки за организирање и развој на руралните средини во земјите членки на ЕУ. Во Р.Македонија посебо во микро регионот Пијанец-Малеш настаните поврзани со промоција на чинителите кои се носители на руралниот развој е сведена на минимум и скоро да не постои. Преку превземање ан позитивните практики од земјите членки на ЕУ кои организираат фестивали за ЛИДЕР нашето здружение во соработка со Здружението Амброзија има намера оваа практика да ја востанови во микро регионот Пијанец-Малеш и истата да продолжи да се организира и во наредните години во летниот периодод годината а секогаш менувајки ја локацијата и општината и додавајки нови содржини.

Со овој настан ќе се постигне една голема промена во регионот која ќе овозможи претставување на работата на субјектите кои придонесуваат за руралниот развој и локалната економија на сите четири општини, ќе овозможи вмрежување помеѓу секторска и помеѓу самите чинители како и дружење на учесниците преку програма која е востановена и стандардна на ЛИДЕР фестивалите ширум Европа.

 

Преку имплементација на проектот и проектните активностие да се демонстрира структуриран пристап кон мобилизација на руралните заедници, за тие да станат посилни застапници на локалниот развој и да учествуваат во руралната политика на локално, регионално, национално и ниво на ЕУ. Ова опфаќа воспоставување ефикасна соработка и взаемна помош помеѓу поединци и организации во руралните области, со цел обезбедување ефикасно претставување на потребите, гласот и интересите на руралното население, како и обезбедување проток на информации помеѓу владините и невладините тела на сите нивоа. Воспоставувањето на локална акциона група е јасна и конструктивна идеја, заснована на цврста основа од луѓе и знаење, која што се создаде преку спроведување активности на LEADER, а кои што во прво време треба да бидат поддржани од донатори и од страна на  локалните институции во микро регионот Пијанец Малеш. Во изминатите пет години РЦЗ во соработка со Мрежата за рурален развој на Република Македонија и со локалните институции (општините, подрачните одделенија на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и со неколку искусни граѓански организации (Локални акциони групи од Република Чешка) направи сериозни чекори за делување на оваа свера во општеството и во овој дел од Р.Македонија. LEADER значи „Врски помеѓу акциите за рурален развој“ и претставува метода на иницирање и спроведување рурален развој во локалните рурални заедници.

Здружението Регионален центар заедно со партнерската организација и останатите чинители од регионот планира да организира фестивал на руралните средини ЛИДЕР ФЕСТ кој ќе се состои од три клучни сегменти и тоа Едукативен дел и реализирање на работилница за вмрежување на чинителите, културен дел со културно уметничка програма како и изложбен дел наменет за чинители од регионот на општините Делчево, Пехчево, Берово и М.Каменица. Ке бидат поканети здруженија, општини, локални институции и заинтересирани граѓани да земат учество и преку презентирање на активности да се претстават на јавноста во регионот со цел што поблиску до гражаните од регионот да се претстават придобивките и можностите што ги нуди ЛИДЕР пристапот.

Активностите ќе бидат спроведени еднодневно каде на површина поголема од 1000 м2 во центарлното градско подрачје на Делчево ќе се случува првиот ЛИДЕР фест.

 

Цел на проектот

 

Ø Промоција на ЛИДЕР мерката во регионот преку активности и мерки кои се дел од ЛАГ и ЛИДЕР во Европската Унија

Ø Вмрежување на субјектите и воспоставување на идна соработка

ØВоспоставување на нов вид на манифестација која ќе овозожи промоција на локалните и регионалните чинители

LEADER фест

Делчево, 02-04. Јули 2015

Спомен дом АСНОМ, Делчево, Ул. „Светозар Марковиќ’ бр.1

(мала сала во спомен дом АСНОМ)

 

                                             АГЕНДА

02. Јули. 2015

16:30 – 18:30 Договор и планирање на чекори за регистрација и сертификација на Пред-ЛАГ во микро регионот Пијанец-Малеш

18:00 – 18:30 Заклучоци за стратешко партнерство на регионот и мрежата за рурален развој на Р.М со ЛАГ од Р.Чешка

18.30 – Затварање на првиот ден

19. 00 Вечера за гости и посетители на LEADER фест

 

 

03. Јули. 2015

12.00 - 12.30 Регистрација и LEADER Вмрежување

12:30 - 13:00 Поздравен говор и вовед кон целта и очекуваните резултати од настанот

13:00 - 14:00 Презентирање на наодите од проценката за Пред-ЛАГ-овите, повратни информации од учесниците

14:00 – 14:15 Кафе Пауза

14:15 – 15:00 Презентација на искуства од ЕУ, научени лекции во примената на LEADER, Роман Хакен  член на ЕЕСК Прашања и Одговори

15:00 – 15:30 Македонскиот контекст и – LEADER: Презентација на Новата (нацрт) Македонска Стратегија за LEADER 2015-2020

15:30 – 16:30 Договор за следни чекории заклучоци

16:30 – 17:00 Коктел и понатамошно LEADER вмрежување

17.00 – Посета на локалитет Рамна река, проекти и добри практики

19. 00 Вечера за гости и посетители на локалитетот

 

04. Јули. 2015

 

10.00 – Посета на локалитет Езерце- Делчево

11.00 – Посета на туристички локалитет Манастирски ендек Делчево

12.00 – Посета на туристички локалитет Голак Делчево

  

Со почит,

Регионален Центар за Застапување Делчево

 

 

Основан Локален младински совет во општина Делчево

По долгорочен процес во општина Делчево конечно се основа Локален младиснки совет. Основачкото собрание беше одржано на 28.01.2015, со продолжение на 01.02.2015 на кое што членовите на Собранието ја изгласаа структурата на Локалниот младиснки совет, а го усвоија и Статутот по кој што ќе работи младинското тело.

На Основачкото собрание беа присутни 9 претставници од организации – членки кое го сочинуваа Собранието на Локалниот младински совет –

1.       Регионален центар за Застапување – Делчево, претставник Димитар Димитровски – Претседател на ЛМСД

2.       РКЕЦ Тернипе МК Делчево – претставник Филип Тричков – член на Управен одбор на ЛМСД

3.       УМС Делчево – претсавник Љупчо Христов – Претседател на Собрание на ЛМСД

4.       Демократска Младина Делчево – претставник Душка Мицевска – член и подпретседател на УО на ЛМСД

5.       КУД Гоце Делчево – претставник Наталија Стојчевска – член и Претседател на Управен Одбор на ЛМСД

6.       ПСД Голак – претставик Дарко Тодоровски – Член на Управен одбор на ЛМСД

7.       Ученичка заедница при СОУ Методи Митевски – Брицо, Делчево – претставник Мери Мицевска, член на Ндзорен одбор

8.       Младински образовен форум – претставник Андреа Велиновска – член на Управен одбор на ЛМСД

9.       НУЦК Никола Јонков Вапцаров, Делчево – претставник Љупка Спасевска, член и Претседател на Комисија за верификација

10.     СДММ Делчево– претставник Марио Димитровски – член на Надзорен одбор на ЛМСД

По прогласувањето Основање на Локален младински совет во Делчево, координаторот Валерија Соколова заедно со Претседателот на Собранието, Љупчо Христов го поздравија Собранието и го честитаа основањето на младинското тело, со цел успешна работа на Локалниот младински совет и многу идни реализирани проекти и настани во интерес на младите во општината, како и успешна соработка помеѓу организациите – членки на советот.

Претседтаелот на Локалниот младински совет, Димитар Димитровски ја поздрави веќе спроведената и остварена иницијатива за формирање на Локален младински совет во општина Делчево и посака успешна соработка и видни резултати од работата на Советот и упати кон интензивно залагање и застапување на интересите на младите во општината.

Тони Стоименовски, претставник од Општина Делчево ја поздрави иницијативата и ги охрабри присутните да ги изберат органите на Локалниот младински совет на најдемократски начини  и по формирањето на советот, со активности да придонесат во подобрување на условите на младите во општината, и дека Локалниот младински совет има потплна подршка од општината.

Ова тело ќе ги застапува интересите на младите во општината и ќе креира младински политики. Во составот на Локалниот младински совет ќе има претставници од граѓански организации, подмладоци на политички партии, средношколски заедници како и претставници од културни и спортски друштва. Иницијативата за формирање е на Младински образовен форум како спроведувач на проектот во партнерство со Центарот за меѓукултурен дијалог во соработка со Регоналниот центар за застапвање,Делечво, исто така иницијативата доби подршка и од Градоначалникот на општина делчево, Дарко Шехтански. Проектот е финансиран од Европска унија.

 

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (Регионална ИПА програма).

Со почит,

 

Иницијатива за основање на локален младински совет

Основан Локален младински совет во Делчево

 

 По долгорочен процес во општина Делчево конечно се основа Локален младиснки совет. Основачкото собрание беше одржано на 28.01.2015, со продолжение на 01.02.2015 на кое што членовите на Собранието ја изгласаа структурата на Локалниот младиснки совет, а го усвоија и Статутот по кој што ќе работи младинското тело.

На Основачкото собрание беа присутни 10 претставници од организации – членки кои го сочинуваа Собранието на Локалниот младински совет Делчево:

1.       Регионален центар за Застапување – Делчево, претставник Димитар Димитровски – Претседател на ЛМСД

2.       РКЕЦ Тернипе МК Делчево – претставник Филип Тричков – член на Управен одбор на ЛМСД

3.       УМС Делчево – претсавник Љупчо Христов – Претседател на Собрание на ЛМСД

4.       Демократска Младина Делчево – претставник Душка Мицевска – член и подпретседател на УО на ЛМСД

5.       КУД Гоце Делчево – претставник Наталија Стојчевска – член и Претседател на Управен Одбор на ЛМСД

6.       ПСД Голак – претставик Дарко Тодоровски – Член на Управен одбор на ЛМСД

7.       Ученичка заедница при СОУ Методи Митевски – Брицо, Делчево – претставник Мери Мицевска, член на Ндзорен одбор

8.       Младински образовен форум – претставник Андреа Велиновска – член на Управен одбор на ЛМСД

9.       НУЦК Никола Јонков Вапцаров, Делчево – претставник Љупка Спасевска, член и Претседател на Комисија за верификација

10.     СДММ Делчево– претставник Марио Димитровски – член на Надзорен одбор на ЛМСД

По прогласувањето Основање на Локален младински совет во Делчево, координаторот Валерија Соколова заедно со Претседателот на Собранието, Љупчо Христов го поздравија Собранието и го честитаа основањето на младинското тело, со цел успешна работа на Локалниот младински совет и многу идни реализирани проекти и настани во интерес на младите во општината, како и успешна соработка помеѓу организациите – членки на советот.

Претседтаелот на Локалниот младински совет, Димитар Димитровски ја поздрави веќе спроведената и остварена иницијатива за формирање на Локален младински совет во општина Делчево и посака успешна соработка и видни резултати од работата на Советот и упати кон интензивно залагање и застапување на интересите на младите во општината.

Тони Стоименовски, претставник од Општина Делчево ја поздрави иницијативата и ги охрабри присутните да ги изберат органите на Локалниот младински совет на најдемократски начини  и по формирањето на советот, со активности да придонесат во подобрување на условите на младите во општината, и дека Локалниот младински совет има потплна подршка од општината.

Ова тело ќе ги застапува интересите на младите во општината и ќе креира младински политики. Во составот на Локалниот младински совет ќе има претставници од граѓански организации, подмладоци на политички партии, средношколски заедници како и претставници од културни и спортски друштва. Иницијативата за формирање е на Младински образовен форум како спроведувач на проектот во партнерство со Центарот за меѓукултурен дијалог во соработка со Регоналниот центар за застапвање,Делечво, исто така иницијативата доби подршка и од Градоначалникот на општина делчево, Дарко Шехтански. Проектот е финансиран од Европска унија.

 

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (Регионална ИПА програма).

Со почит,

Иницијатива за основање на локален младински совет

 

 

Повик за основачко собрание на ЛМСД

Почитувани,

 Ни претставува особена чест да Ве повикаме да се пријавите да присуствувате на основачкото Собрание на Локалниот младински совет во општина Делчево кое ќе се одржи на 16.01.2015, во 12.00 часот.

Повикот е отворен за сите младински организации; организации за млади и мрежи на младински организации, како и други младински структури кои ги исполнуваат критериумите за членство одредени според предлог статутот поднесен од страна на Иницијативата. 
Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите за членство треба да ги достават следните документи до формираната Комисија за верификација на апликациите на следните е-маил адреси:
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ljupka_07_18@yahoo.com, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 Задолжителни документи

1.       Портфолио за работа на организацијата/неформалната група

2.       Мотивационо писмо за учество не повеќе од  300 збора.

 

 Документи кои ја потврдуваат работата на организацијата/структурата. (не се задолжителни, но се преферираат)

1.       Статут

2.       Годишни извештаи за предходната година

3.       Тековна состојба на организацијата


Доколку е потребно, комисијата за верификација ќе побара од апликантите дополнителни документи за да се потврдат критериумите. Рокот за пријавување е до 06.01.2015 до 16 часот 2014 година, а до 09.01.2015 да бидат доставени и оргинал документи по пошта на адреса  Маршал Тито бр.184, 2320 Делчево, Република Македонија. До 09.01.2015 ќе бидат известени сите одобрени организации кои ќе учествуваат на основачкото собрание, а веднаш потоа ќе биде објавен и повикот за пријавување на делегати од избраните организации, кои што ќе аплицираат за позиција Претседател и членови на Управен одбор на ЛМСД.


Апликациите ќе бидат разгледувани од Комисија за верификација на членство составена од претставници на
Иницијативниот одбор за основање на Локален младински совет.

 

 
Ви стоиме на располагање за дополнителни информации, и се надеваме на ваше присуство.

Завршна прес конференција ТЕМБ

СООПШТЕНИЕ 

Регионалниот Центар за Застапување од  Делчево во партнерство со Регионалната комора за индустрија од Благоевград, Република Бугарија, Ве покануваат да земете учество на Завршна прес конференција во рамките на проектот Ефективен тим како фактор за развој на локалната демократија и социјалната кохезима помеѓу Република Македонија и Република Бугарија кој е финансиран од Европска Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу нашата држава и Република Бугарија CCI 2007CB16IPO007.

Завршната прес конференција ќе се одржи на 17.12.2014 година во Хотел Македонија,Делчево, Република Македонија со почеток во 16.30ч.по локално време.

 

Истата е наменета за претставници од граѓанските организации, јавна администрација и претставници од бизнис секторот во прекуграничниот регион и локалните медиуми.

ПОКАНА

Ни претставува особено задоволство да Ве поканиме да присуствувате на

Завршна прес конференција

во рамки на проектот „Ефективен тим како фактор за развој на локалната демократија и социјалната кохезија помеѓу Република Македонија и Република Бугарија“, кој е финансиран од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу нашата држава и Република Бугарија CCI 2007CB16IPO007.

Партнерски проект на  Регионален Центар за Застапување Делчево и Регионална комора за индустријa, Благоевград

Проектот е наменет за претставници од граѓански организации, јавна администрација и претставници од бизнис секторот во прекуграничниот регион.

Место: Хотел Македонија, Делчево

Датум: 17 декември, 2014

Време: 16:30 часот, локално време

Агенда:

16:00-16:30

Пристигнување и регистрација на учесниците

 

16:30

Отварање на прес конференција

Валерија Соколова, проектен координатор, Делчево

Теодорина Тодорова, проектен координатор, Благоевград

Тони Стоименовски, претседтател на РЦЗ Делчево

17:00

Кафе и ручек

 

 

 

 

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ДЕНОВИ НА МЛАДИНСКО ВМРЕЖУВАЊЕ ЗА ОСНОВАЊЕ ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ СОВЕТИ

Младински образовен форум и Центарот за Меѓукултурен дијалог, заедно со 12 иницијативни одбори за основање на локални младински совети ве повикуваат да земете учество на денови на младинско вмрежување во 12 општини. Овие настани ќе се случуваат во 12те општини кои се дел од проектот „Развој на локални младински политки и локално младинско учество во 12 општини“, поддржан од Европската Унија, а кој има за цел вмрежување на младинските организации во општина Центар, Чаир, Велес, Тетово, Струга, Битола, Кичево, Дебар, Делчево, Кратово, Неготино и Липково, а води кон нивна поголема соработка и поставување на основите за основање на локалните младински совети во овие општнини.

Настаните ќе иницираат процес на креирање младински совет, како највисоко претставничко тело на младите во нивните општнини и нивна платформа за носење одлуки и граѓански активизам. Деновите на вмрежување се резултат на процесот започнат од група на млади и младински активисти кои во минатите месеци иницираа, организираа настани и кампањи за потребата од младинско организирање, дел од овој проект.

Главната цел на настанот е охрабрување и вмрежување на невладините младински организации на локално ниво за развој на инклузивна и претставничка структура/платформа на младински организации и младински структури.

Агендата на деновите за вмрежување ќе вклучува сесии за дефинирање на структурата, мисијата, визијата и документите потребни за основање на младинските совети. Настанот во општина Делчево ќе се одржи на 22 и 23 декември со дополнително утврдена локација.

Можност за учество на настанот имаат младински организации, неформални младински групи, средношколски и студентски претставници, претставници на политички подмладоци и други. Секоја организација може да номинира по еден претставник за учество на овој настан, а пријавувањето е со номинација на претставник на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

Номинациите треба да пристигнат најдоцна до 21 декември 2014 година.

 Ги охрабруваме сите заинтересирани да се пријават што е можно поскоро пред истекувањето на рокот, за да се олесни процесот на сортирање на апликации и избор на учесници.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).

 

Иницијативата за формирање на локален младински совет ќе спроведува локален младински настан во општина Делчево


Насликај ја својата иднина

На 13ти декември, со почеток во 13 часот, во Градскиот парк на општина Делчево, иницијативата за основање на локален младински совет организира настан „Насликај ја својата иднина“ преку кој младите од општина Делчево на креативен начин и различни активности ќе можат да кажат и покажат што сакаат во Општина Делечво. Оваа акција е дел од проектот Развој на локално младинско учество и локални младински политики на Младински образовен форум и Центар за меѓукултурен дијалог, финансиран од Европската Унија.

На настанот заинтересираните млади ќе ги пишуваат своите пораки и желби за Делчево, поврзани со потребите на младите на својата рака и дланка и со напишаната порака ќе бидат фотографирани на различни локации, во зависност од пораката. По завршувањето на настанот од фотографиите ќе се изработи календар „Календар на младинската иднина во општина Делчево“.

Настанот ќе започне во 13 часот во градскиот парк во Делчево и ќе трае 2 часа на различни локации во градот. Преку овие активности младите ќе имаат можност да ја покажат својата креативност, но и да кажат и испратат порака до јавноста што тие посакуваат во општината во која живеат.

Целта на овој настан е да им понуди на младите канал преку кој ќе можат да го кажат своето мислење и потреби кон општината, да ја промовира потребата од локално младинско здружување и да ги позиционира младите како релевантен фактор во процесите на донесување на одлуки кои ги засегаат.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (Civil Society Facility).

 

 

 

 

 

 

Закажан семинарот за промоција на резултати

Регионалниот Центар за Застапување од  Делчево во партнерство со Регионалната комора за индустрија од Благоевград, Република Бугарија, закажа "Семинар за промоција на резултатите од проектот" во рамките на проектот Ефективен тим како фактор за развој на локалната демократија и социјалната кохезима помеѓу Република Македонија и Република Бугарија кој е финансиран од Европска Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу нашата држава и Република Бугарија CCI 2007CB16IPO007.

Семинарот ќе се одржи на 05.12.2014 година во Младинскиот дом, Благоевград, Република Бугарија со почеток во 10.30ч.по локално време.

 

Истиот е наменет за претставници од граѓанските организации, јавна администрација и претставници од бизнис секторот во прекуграничниот регион, со цел промоција на резултатите од проектот.

Регрутација на нови дебатери за генерација 2014 - 2015

Една од главните активности на Младинскиот образовен форум е Дебатната програма која нуди едногодишни обуки за дебата и аргументирано изразување. Обуката се спроведува во дебатни клубови низ 16 града низ државата и е наменета за средношколци од кои се заинтересирани за подобрување на своите способности за критичко мислење и аргументирано искажувањена ставови.

 

            Покрај официјалниот дел од обуката која е бесплатна, се одржуваат и многу дебатни настани (национални и интернационални), како што се дебатни турнири, јавни дебати, семинари и работилници.



Што е дебата?


            Дебатата е нешто со кое секојдневно се среќаваме и ни е познато на сите. Во училиштата се водат бројни дискусии на различни теми, посебно на часовите по општествените и хуманите науки. На телевизиските програми и на останатите медиуми сме сведоци на дебати на политички и економски теми, теми од областа на заштитата на животната средина, спортот или културата. Дебатите и дискусиите се застапени во секојдневниот живот и во рамките на семејствата, па често се дискутира за износот на „џепарлакот“, за вечерните излегувања, за изборот на училиште, за последиците од конзумирањето алкохолни пијалоци и за многу други теми кои се од интерес на младиот човек и на неговите родители.

 

Поимот дебата за нас има различно значење од оној  кој што го употребуваме во секојдневните активности.  На овие активности со кои се среќаваме секојдневно повеќе прилегаат термините дискусии, расправии, полемики, коментари и слично.


Дебатата како едукативен метод и како организирана активност може едноставно да се дефинира како аргументирана и организирана дискусија на одредена теза меѓу две спротивставени страни!


Ние го правиме тоа подобро од било кој друг! :)

 

Како изгледа една дебата?

 

Погледнете го финалето на Светското училишно дебатно првенство во 2011 година, помеѓу тимови од Англија и Шкотска.

 

https://www.youtube.com/watch?v=w_1-YCbVip4



Кои се најзначаните турнири на кои може да учестуваат дебатерите?


Почетнички турнир

 

Почетничкиот турнир е наменет за сите дебатери почетници кои сакаат да ги тестираат своите способности и знаења стекнати во дебатниот клуб. Преку дебатирање и разговор со судиите, дебатерите ги унапредуваат своите дебатериски вештини и воедно да се запознаваат со помладите и постарите членови на дебатната заедница. На турнирот учествуваат дебатери од сите 14 града каде се спроведува дебатната програма, а се одржува на крајот на првото полугодие.

 

 

Национално дебатно првенство

 

Националното дебатно првенство е најголемиот турнир кој го организира МОФ, а има за цел да ги избере најдобриот тим и говорници на национално ниво, односно македонските претставници на меѓународни турнири и светското училишно дебатно првенство.


Преку квалификациски турнири се избраат најдобрите кои ќе дебатираат на завршниот турнир на Националното дебатно првенство.
На квалификациските турнири и на завршниот турнир на Националното дебатно првенство се дебатира во Светски училиште дебатен формат, а официјален јазик на турнирите е англискиот јазик.

 

 

Локални турнири

 

Дебатните клубови организираат локални турнири на кои се спроставуваат на дебатерите од еден град. Овие турнири претставуваат можност за дополнителна вежба за тимовите кои се натпреваруваат на националните првенства, но и простор за учество во тимовите за организација на овие турнири.

 

Ме убеди! Каде да се пријавам?

 

Пријави се за дебатната обука на МОФ преку пополнување на овој формулар:  http://bitly.com/1qfzgoP

 Дебатната програма е поддржана од Фондација отворено општество Македонија, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и Интернационална дебатна едукатавнa асоцијација – ИДЕА.

Повик за членови на иницијативни одбори за локални младински совети

 

Младински образовен форум, во соработка со Центар за меѓукултурен дијалог, во рамките на проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility), распишува повик за членови на иницијативни одбори во 12 општини во Република Македонија, кои ќе бидат дел од иницијативите за основање локални младински совети во 12 општини.
Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на носење одлуки.
Членови на иницијативните одбори можат да бидат млади номинирани од младински организации или другтип младински структури од општините кои се дел од проектот. Иницијативните одбори со поддршка на локални младински јадра во секоја општина ќе го водат основањето на локалните младински совети, ќе работат на креирање на структурата на телата и промоција на потребата од младинско организирање и младинско учество на локално ниво.
Општини во кои ќе се основаат младинските иницијативни одбори се: Центар, Чаир, Тетово, Липково, Дебар, Кичево, Струга, Битола, Неготино, Велес, Делчево и Кратово. Членовите на иницијативните одбори ќе бидат континуирано вклучени во активностите на проектот од септември 2014 до јуни 2015 година. Во овој период, членовите ќе учествуваат на тренинзи за јакнење на капацитетите на иницијативните одбори, организација на јавни акции и настани, соработка со општините, основање локални младински совети, како и креирање и спроведување на локални младински политики.
Активностите кои се предвидени за членовите на инцијативните одбори вклучуваат:
Активно учество во креирањето на локалните младински совети;
Учество на циклус тренинзи во периодот септември – октомври 2014;
Учество во унапредување на локалните младински политики преку организирање младински настани и акции;
Соработка со општините за воспоставување на Локален младински совет;
Соработка со сите форми на младинско здружување на локално ниво;
Активно учество при спроведување на обуките и останите активности предвидени со проектот;
Активно учество при изработка на локални младински документи.
Услови кои треба да ги исполнуваат организациите кои сакаат да номинираат свои претставници како членови во младинските иницијативни одбори:
Да се младински здруженија, организации за млади, сојузи, унии, средношколски или студентски заедници, подмладоци на политички партии, спортски друштва, културно-уметнички друштва или друга форма на здружување на млади, формални или неформални здруженија на млади;
Да се регистирани и/или делуваат на подрачјето на општините опфатени со проектот;
Да номинираат свој претставник/чка (возраст меѓу 15 и 29 години) во иницијативниот одбор во соодветната општина и да имаат можност за континуирано и активно учество во активностите на проектот преку својот претставник/чка;
Да имаат интерес за унапредување на локални младински политики;
Да имаат интерес за развој на младинското здружување на локално ниво;
Во случај на голем број на пријавени делегати или пријави кои не ги исполнуваат условите на повикот, ќе биде направен избор за секоја од наведените општини одделно според наведените услови.
Аплицирањето се врши преку пополнување на апликација, која можете да ја најдете на следниов линк. Организациите во рамките на процесот на аплицирање ќе треба да ги достават и следните документи:
Портфолио на организацијата;
Извештај за работата на здружението за 2013 година или друг документ во кои се наведени реализираните активности со млади, младински политки и иницијатививо општината за која се аплицира;
CV на кандидатот кој се номинира.
Дополнителните документи треба да се достават пред крајот на рокот за аплицирање на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .
Сите заинтересирани младински организации или други младински структури кои ги исполнуваат условите на повикот може да пријават максимум еден свој претставник со пополнување апликација на следниов линк до 15 септември 2014 година.
Линк за аплицирање.
https://docs.google.com/a/mof.org.mk/forms/d/1pMClEDpJLC3_VWP8hUsxw0DK0OO6rrnCKj9k-LLxiyU/viewform